Регион

Потона бродот што вчера беше нападнат со дронови во близина на бугарскиот брег

За нападите врз бродови во Црното Море, деновиве Радев сугерирал дека за тоа е виновна Романија, бидејќи таа ја посочила Русија како агресор

Трговскиот брод, кој беше погоден од дронови во близинана бугарскиот грег, потона во Црното Море околу полноќ.

„Од овој момент, надлежните органи треба да утврдат дали има загадување во областа“, изјави Марио Смарков, регионалниот гувернер на Варна, во изјава за bTV.

Дронови погодија брод во близина на бугарскиот брег

Според него, морнарите успеале навреме да го напуштат бродот и не се повредени.

Повеќе од 20 контејнери паднале во Црното Море по напад со поморски дронови врз контејнерскиот брод *CONTSHIP JET* во близина на бугарскиот брег.
Дел од овие контејнери превезувале опасни материи, вклучувајќи запаливи гасови, нетоксични незапаливи гасови и запаливи течности.

Во моментов нема опасност за крајбрежните населби по нападот со три дрона врз контејнерскиот брод кај ’Ртот Калиакра. Ова го соопшти Регионалната управа во Добрич. Оттаму уверуваат дека ситуацијата постојано се следи и дека надлежните служби се подготвени да преземат мерки за осигурување на јавната безбедност, доколку се појави потреба.

Бродот бил погоден додека пловел од израелско пристаниште… од Хаифа кон Констанца, Романија.

Бугарските медиуми, во контекст на потонувањето на бродот, потсетуваат дека изјавите на премиерот Румен Радев за време на Софискиот економски форум, одржан на 26 октомври, предизвикаа револт кај Романците.

За нападите врз бродови во Црното Море, Радев сугерирал дека за тоа е виновна Романија, бидејќи таа ја посочила Русија како агресор. Според бугарскиот премиер, „Романија посочи дека Русија стои зад нападите со беспилотни летала во Црното Море, а тоа доведе до дополнителни напади врз пловила во рамките на Ексклузивната економска зона на Романија“.

Ова предизвика остра реакција од поранешниот министер за внатрешни работи, Каталин Предоју. Во објава на својот профил на Фејсбук, тој повика на поголема емпатија и меѓусебна солидарност од страна на Бугарија. Тој исто така нагласи дека јавните изјави на властите во Букурешт во врска со инцидентите со беспилотни летала на романска територија се секогаш засновани на неоспорни докази , пренесува БТА.

Најнови вести од: Регион

To top