Сонцето од Кутлеш е редовен декор на натпреварите на фудбалските клубови основани од македонската заедница во Австралија, како во случајов Престон лајонс, чија мала, но одбрана чета навивачи во Тасманија се избори за фотографијата на денот.
Нивните миленици им возвратија на најдобар можен начин, славејќи со 2:1 кај Саут Хобарт во третото коло од Австралискиот шампионат како награда за фановите покрај теренот на стадионот „Дарси Стрит“.