Македонија

За градоначалник на Брвеница денеска гласаа 112 болни, немоќни и затвореници

Само четири лица од избирачкиот список за денешното предвремено гласање во општината не го оствариле правото на глас

Од вкупно 116 болни и немоќни, како и лица на издржување затворска казна, своето право на глас за утрешниот втор круг предвремени избори за градоначаник на Општина Брвеница го оствариле 112 граѓани.

Според податоците на Државната изборна комисија, од вкупно 107 болни или немоќни лица гласале 104, а од 9 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи во државата гласале 8.

Гласањето во текот на денот се одвивало без проблеми и секој гласач имал можност слободно да го оствари своето право на глас, информира ДИК.

 

Најнови вести од: Македонија

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

Во Брвеница гласаат болните и немоќните и затворениците – Право на глас имаат 116 луѓе

Своето право на глас, како што велат од ДИК, може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор, а гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Од договор на дело до постојано вработување – Што предвидува новиот предлог-закон?!

Законот се предлага по скратена постапка со образложение дека не е сложен и обемен. Предвидено е да влезе во сила на денот на објавувањето во „Службен весник“, кога би престанал да важи досегашниот Закон за трансформација во редовен работен однос.

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Паралелно со развојот на новата 5G-мрежа, Оне Македонија ја гради инфраструктурната и партнерската основа за долгорочно присуство на македонскиот пазар, со цел да придонесе кон поголема конкуренција, современи телекомуникациски услуги и забрзан дигитален развој на Македонија.

To top