Хроника

Чесниот Александар е носител на титулата ,,Херој на денот”

Доброто секогаш го наоѓа патот до вистинското место

Кумановецот Александар Крстевски е херој на денот откако пронашол и вратил паричник во кој имало лични документи, банкарски картички и парични средства.

Благодарение на брзото споделување на информацијата од kumanovskimuabeti.mk Кумановска Горила, како и од многубројни сограѓани, пронаоѓачот за кратко време успеал да ја пронајдеме сопственичката.

,,Паричникот ѝ беше вратен во целост – со сите лични документи, картички и парични средства кои беа во него.

Голема благодарност до сите кои ја споделија информацијата и помогнаа таа да стигне до вистинската личност.

Уште еднаш се покажа дека кога сме сплотени и солидарни, Куманово знае да покаже човечност.

Доброто секогаш го наоѓа патот до вистинското место”, објави пронаоѓачот.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top