Македонија

Филипче не разбрал што кажал гувернерот на Народната банка на Македонија

Гувернерот Славески го демантира Филипче

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Трајко Славески, денеска остро реагираше на објава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со мерките што се воведуваат за Алтa банка АД Битола.

Филипче претходно објави дека граѓаните ќе можат да повлекуваат само по 10.000 денари неделно, додека фирмите ќе можат „колку сакаат“, оценувајќи ја одлуката како „криминална“ и тврдејќи дека со тоа се овозможува перење пари од криминални тендери, додека парите на граѓаните остануваат заробени.

Славески во својата реакција на платформата X го нарече постот на Филипче „срамен“ и му препорача да го избрише, најавувајќи дека утре во Службен весник и во еден дневен весник ќе биде објавено Решението за воведување на Алтa банка АД Битола во администрација.

„За разлика од физичките лица, правните лица нема да можат да повлекуваат средства од сметките во Алтa банка АД Битола. Тие единствено ќе можат да вршат пренос на парични средства, во неограничен износ, на сметки на други клиенти во Алтa банка АД Битола. Јасно е сега?“, напиша гувернерот Славески.

Тој додаде дека ова е објаснето и на денешниот попладневен прес по истата тема.

Најнови вести од: Македонија

To top