Македонија

Обезбедена „Трикафта“ за 126 пациенти со цистична фиброза (ВИДЕО)

Лекот претставува современ пристап во третманот на болеста

Одлична вест за пациентите со цистична фиброза во Македонија: сите оние за кои постои соодветна медицинска индикација отсега ќе имаат пристап до современата модулаторна терапија „Трикафта“. Информацијата ја соопшти Клиниката за детски болести.

Станува збор за вкупно 126 пациенти постари од две години, кои ги исполнуваат строгите медицински критериуми за примена на оваа таргетирана терапија.

Обезбедувањето на лекот претставува значаен чекор напред во третманот на оваа тешка генетска болест во земјава и ќе овозможи современ пристап во лекувањето на оние кај кои терапијата е медицински оправдана.

Од Клиниката посочуваат дека обезбедувањето на лекот претставува значаен напредок во третманот на цистичната фиброза во Македонија и ќе овозможи современ пристап во лекувањето на пациентите кај кои терапијата е медицински оправдана.

Најнови вести од: Македонија

ЕФА: Се засилуваат притисоците и заплашувањето на македонското и турското малцинство во Грција

Особено загрижувачки се случаите на попречување на културните манифестации на Македонците, особено во Леринскиот регион. Според ЕФА, грчките власти интервенирале на локални фестивали на кои се пеело и играло на македонски јазик, користејќи инспекциски контроли, пријави за бучава и предвремено прекинување на настаните

Богојески: Останувам на изјавата за машка контрола на жената (ВИДЕО)

Овој пат удри и по мажите: „Вие мажите што ме напаѓате, што мажи сте? Вас ви одговара да ги пуштате ќерките полуголи пред Силбо и жените што неможете да ги соберете од кафани“, вели тој во видеообраќањето

ВРЕДИ: Излегувањето на Артан Груби и Перпарим Бајрами од притвор е скандал без преседан

„Како политички субјект на власт, ќе ги искористиме сите институционални механизми за да ја откриеме вистината зад овој скандал и да ги увериме граѓаните дека правдата и државата нема да бидат предмет на исмевање“, велат од ВРЕДИ

To top