Македонија

ВРЕДИ: Излегувањето на Артан Груби и Перпарим Бајрами од притвор е скандал без преседан

„Како политички субјект на власт, ќе ги искористиме сите институционални механизми за да ја откриеме вистината зад овој скандал и да ги увериме граѓаните дека правдата и државата нема да бидат предмет на исмевање“, велат од ВРЕДИ

 

„Пуштањето на Артан Груби и Перпарим Бајрами од притвор претставува скандал без преседан и отворено исмевање на државните институции“, наведува коалицијата ВРЕДИ, по информациите дека поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, платил гаранција од 1,1 милион евра за да остане на слобода додека го чека судењето.

„Денес, додека јавноста е вознемирена од веста дека човек во своите триесетти години – чија прва работа воопшто била во Државна лотарија – ја ’купил‘ својата слобода со плаќање гаранција поголема од еден милион евра – додека неговиот шеф исто така неодамна беше пуштен од куќен притвор, иако и двајцата повеќе од една година беа во бегство од правдата – се поставуваат неколку јавни прашања:

Дали Сашо Мијалков му враќа долг на Артан Груби за направени услуги – конкретно, за тоа што овозможил Мијалков да остане на слобода додека Албанци гниеле во затвор?

Дали ова е цената за манипулирање со правосудниот систем преку ’послушни‘ судии – чин поради кој Артан Груби на крајот заврши на црната листа на САД?“

„Дали правдата и борбата против корупцијата се загрозени од остатоци на тајните служби и подземјето?
Дали сите ние ја плаќаме цената за ’валканите игри‘ на претходната власт – во кои биле вклучени поединци од тајните служби и нивните премолчени сојузи со картели на организиран криминал?“ – прашуваат коалицијата ВРЕДИ.

Оттаму бараат итно објаснување од надлежните органи, како и од релевантните судски и обвинителски власти, за тоа како се пуштени на слобода две лица кои претходно бегале од правдата.

„Како политички субјект на власт, ќе ги искористиме сите институционални механизми за да ја откриеме вистината зад овој скандал и да ги увериме граѓаните дека правдата и државата нема да бидат предмет на исмевање! Воедно, повикуваме на зголемено меѓународно внимание во однос на деградацијата на институциите и ерозијата на јавната доверба во владеењето на правото и борбата против организираниот криминал во земја-членка на НАТО.“

„По стапките на Артан Груби – кој се наоѓа на американската ’црна листа‘ поради коруптивни зделки во дослух со Мијалков – и Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државната лотарија, сега излегува од притвор откако положил гаранција од 1,2 милиони евра.
Овие случувања не смеат да поминат незабележано, ниту пак да останат без одговорност. Сите оние кои имале улога во овие процеси ќе одговараат во рамките на своите законски и институционални одговорности“, наведуваат од коалицијата ВРЕДИ.

Коалицијата ја повикува меѓународната заедница и странските амбасади внимателно да го следат овој процес, во интерес на транспарентноста и владеењето на правото.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top