Македонија

Богојески: Останувам на изјавата за машка контрола на жената (ВИДЕО)

Овој пат удри и по мажите: „Вие мажите што ме напаѓате, што мажи сте? Вас ви одговара да ги пуштате ќерките полуголи пред Силбо и жените што неможете да ги соберете од кафани“, вели тој во видеообраќањето

По реакциите во јавноста за неговите изјави поврзани со наводната потреба од „машки надзор“ и контрола врз жените, Петар Богојески со ново видеообраќање во кое останува на своите ставови:

„Во врска со изјавата за машка контрола на жената, останувам на тоа дека на секоја жена ѝ е потребна машка поддршка, а на секој маж му е потребна женска нега. Традиционалното семејство е тоа кое што ќе ја спаси нацијата“, порача Богојески.

За реакциите од жени кои ги критикуваа неговите претходни изјави, вели дека разбира зошто се почувствувале загрозени, но дека реагирале емотивно.

Тој одговори и на критиките кои дојдоа од страна на лица од машки род:

„Вие мажите што ме напаѓате, што мажи сте? Вас ви одговара да ги пуштате ќерките полуголи пред Силбо и жените што неможете да ги соберете од кафани?

Вие што мислите попаметни сте од нашиве соседи Албанциве што имаат контрола врз жените и што не ги пуштаат нивните жени да се брукаат по кафаниве и улициве во Скопје? Што мислите Албанциве не знаат што прават?

Ние сме нешто многу модерни, европејски организирани или определени. Свесни сте дека го распаднавме сиот морален и вредносен систем во земјава и ќе ја распаднеме нацијата и ќе исчезнеме од овие помодарства“, вели Богојески.

Во видеообраќањето тој побара Македонската православна црква (МПЦ) да се вклучи во јавната дебата и да го соопшти својот став, тврдејќи дека вредностите за кои зборува се засновани на Библијата и христијанското учење.

Богојески се осврна и на случајот со Боки 13 и Петар Богојески, критикувајќи ги, како што ги нарече, медиумите, невладините организации и политичките партии кои се обединиле во критиките кон него.

Тој измеша и политика и КПЈ, квазилевичарски вредности, помодарство и слично за да на крајот, да порача дека неговите ставови ги застапува во име на традиционалните и националните вредности, и покрај острите реакции во јавноста.

Најнови вести од: Македонија

ВРЕДИ: Излегувањето на Артан Груби и Перпарим Бајрами од притвор е скандал без преседан

„Како политички субјект на власт, ќе ги искористиме сите институционални механизми за да ја откриеме вистината зад овој скандал и да ги увериме граѓаните дека правдата и државата нема да бидат предмет на исмевање“, велат од ВРЕДИ

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

To top