Регион

Вучиќ: Кој ќе го потцени Трамп ќе направи голема грешка

Секој што ќе го смета Трамп за политички завршен ќе погреши

Александар Вучиќ оцени дека победата на демократите на среднорочните избори во Соединетите Американски Држави дополнително ќе ја комплицира политичката ситуација во таа земја, како и меѓународните односи, особено поради очекуваното продолжување на конфликтот на Блискиот Исток.

Според него, Израел ќе ја прошири својата зона на влијание и безбедносна зона на територијата на Сирија и Либан, додека Соединетите Американски Држави, заедно со својот сојузник, ќе ги интензивираат нападите врз Иран.

Таков развој на настаните, смета Вучиќ, би можел да доведе до поголем број жртви и посериозни политички последици, но и до зголемување на цената на нафтата и нафтените деривати.

Зборувајќи за резултатите од изборите во САД, Вучиќ рече дека верува оти Доналд Трамп пркосно ќе го прифати поразот и ќе ја продолжи политичката борба.

– Верувам дека Трамп пркосно ќе го прифати овој пораз, ќе продолжи да се бори и дека ова ќе биде најдолгата претседателска кампања во историјата – рече Вучиќ.

Тој додаде дека секој што ќе го потцени Трамп во следните две години и ќе мисли дека е политички поразен и изгубен, ќе направи голема грешка.

Најнови вести од: Регион

Свинаров: Софија се плаши да не го налути „Големиот брат“

Причината поради која бугарските власти се воздржуваат од тоа јасно да ја посочат Русија како одговорна за серијата напади со беспилотни летала во Црното Море, е политичка зависност што се таложела со генерации

Полетал за Москва – го вратиле во Белград!?

Вратен авион во кој бил Александар Вулин, поранешен српски министер и поранешен шеф на разузнавачката агенција БИА,. По слетувањето во Белград им се обратил на полицајците со прашањето: „Колеги, дали дојдовте по мене?“

Вучиќ: Криминалци ја преземаат контролата и ја уништуваат Србија

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“, изјави дека „криминалниот клан од Врачар“ упатува закани кон успешни поединци низ Србија, првенствено бизнисмени и имотни луѓе. Тој, исто така, ја прочита содржината на две такви пораки.

To top