Регион

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

Безбедносно-информативната агенција (БИА) остро ги отфрли тврдењата за наводен таен надзор и незаконско постапување, оценувајќи дека станува збор за обид за дестабилизација на Србија и уривање на уставниот поредок.

Во соопштението на Агенцијата се наведува дека сите „лажни, тенденциозни и злонамерни тврдења“ за наводно незаконско работење на БИА се отфрлаат како злонамерно осмислени, со единствена цел дополнително да ги нарушат веќе кревките безбедносни прилики во земјата и да го урнат уставно утврдениот поредок.

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани. Сите активности, како што се наведува, се спроведуваат со строго почитување на Уставот и законите.

„И покрај сите обиди на експоненти на странски служби и групи за притисок, БИА и во иднина ќе постапува исклучиво во насока на заштита на уставниот поредок, безбедноста на Република Србија и нејзините државни интереси“, се вели во соопштението.

Од Агенцијата потсетуваат дека нејзиниот делокруг е јасно дефиниран со Законот за БИА и другите релевантни прописи.

Истовремено предупредуваат дека сите оние кои преку деструктивно и антидржавно дејствување вршат кривични дела „можат со сигурност да сметаат дека секогаш ќе бидат предмет на работа на БИА“, како и дека Агенцијата континуирано доставува информации до надлежните органи во согласност со законот.

Најнови вести од: Регион

Свинаров: Софија се плаши да не го налути „Големиот брат“

Причината поради која бугарските власти се воздржуваат од тоа јасно да ја посочат Русија како одговорна за серијата напади со беспилотни летала во Црното Море, е политичка зависност што се таложела со генерации

Полетал за Москва – го вратиле во Белград!?

Вратен авион во кој бил Александар Вулин, поранешен српски министер и поранешен шеф на разузнавачката агенција БИА,. По слетувањето во Белград им се обратил на полицајците со прашањето: „Колеги, дали дојдовте по мене?“

Вучиќ: Криминалци ја преземаат контролата и ја уништуваат Србија

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“, изјави дека „криминалниот клан од Врачар“ упатува закани кон успешни поединци низ Србија, првенствено бизнисмени и имотни луѓе. Тој, исто така, ја прочита содржината на две такви пораки.

To top