Хроника

Убиство и самоубиство – првични индиции на Обвинителството за трагедијата кај Богданци

Мерките за заштита од насилство биле во сила во моментот на трагедијата

Седумнаесетгодишната Билјана Кириќ е девојката која беше пронајдена мртва во трагедијата кај Богданци, заедно со 21-годишниот Виктор Гунтаров. Според првичните индиции на Обвинителството, станува збор за убиство и самоубиство, но точните околности и причините за смртта допрва треба да бидат утврдени.

На трагедијата ѝ претходеле пријави за насилство и закани. Според информациите од надлежните институции, против 21-годишниот маж претходно била водена постапка поради пријавено насилство врз девојката.

МВР потврди дека на 30 септември годинава, околу 21 часот, Гунтаров бил приведен по пријава дека физички ја нападнал својата 17-годишна девојка во неговиот дом. За случајот бил известен јавен обвинител.

На 16 октомври Основното јавно обвинителство Гевгелија примило пријава за загрозување на сигурноста на малолетничката и започнало постапка. Биле определени термини за сослушување и биле издадени наредби за вештачења.

Паралелно, во постапка за заштита од насилство, судот изрекол мерки со кои на мажот му било забрането да ѝ се приближува и да ја вознемирува девојката. Според досега објавените информации, мерките сè уште биле во сила кога се случила трагедијата.

Според неофицијалните информации, Гунтаров наводно ја чекал Билјана пред теретана во Гевгелија, по што насилно ја внел во автомобил и се упатил кон Богданци. Овие околности засега не се официјално потврдени.

Трагедијата беше откриена на 3 ноември, кога околу 18:40 часот во полицијата било пријавено опожарено возило на местото викано „Ичева чешма“, во месноста Горно Село кај Богданци. Телото на 21-годишниот маж било пронајдено надвор од возилото, додека во опожарениот автомобил било откриено уште едно изгорено тело.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место и издаде повеќе наредби за обезбедување докази со цел да се испитаат причините за настанот. Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а обезбедени се и снимки од видео надзор. Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, меѓутоа настанот ќе биде во целост испитан“, соопшти Обвинителството.

Обдукцијата и анализата на обезбедените докази треба да покажат што точно се случило во последните часови пред смртта на Билјана и Виктор.

Случајот отвора и сериозни прашања за ефикасноста на институционалната заштита на жртвите на насилство, особено кога претходно постоеле пријави и судски мерки за забрана на приближување.

Најнови вести од: Хроника

Двајца вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ осомничени за компјутерска измама, „тешка“ 21 илјада евра

Основното јавно обвинителство од Штип поведе постапка против две лица поради сомнежи дека како соизвршители сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и  „компјутерска измама“.

Второто тело во автомобилот во Богданци е на 17-годишна девојка?! Виктор Г. (21), обесениот покрај возилото, бил пријавуван и апсен за насилство?

Првичните индиции за трагедијата во Богданци, во која беа пронајдени две безживотни тела, упатуваат на убиство и самоубиство, потврдија од Јавното обвинителство. Седумнаесетгодишната девојка, за која неофицијално се дознава дека е пронајдена мртва во опожарениот автомобил, претходно имала судска заштита од своето момче, 21-годишниот Виктор Г., кој беше пронајден обесен покрај возилото. Ова го објави порталот „Скопје 1.“.

Е.С. (27) од Арачиново со товарно возило удрил во возило на МВР, па нападнал полицајци!

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е. С. (27) од с. Арачиново, скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Прифатена гаранција од 1,1 милион евра и укинат притвор за Перпарим Бајрами од Лотарија, притворот истекува за 5 дена

Првообвинетиот во случајот „Лотарија“, Перпарим Бајрами, ќе биде пуштен од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција од 1.140.781 евро во недвижен имот.

Најнови вести

To top