Македонија

Сиљановска-Давкова – Руте: Силната трансатлантска врска е темелен предуслов за безбедноста на сојузниците

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Сиљановска-Давкова на средбата со генсекот на алијансата ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и колективната одбрана, посочувајќи дека сојузничкото единство и силната трансатлантска врска се темелни предуслови за безбедноста на сојузниците.

Таа ја потврди определбата за достигнување на целта за издвојувањето, согласно Хашкиот план, нагласувајќи дека континуирано вложуваме во модернизацијата на Армијата, сајбер-отпорноста, новите технологии и заштитата на критичната инфраструктура.

За неа, Коридорите 8 и 10 не се само инфраструктурни проекти, туку стратешки правци што ја поврзуваат регионалната соработка со безбедносните интереси на НАТО и Европската Унија, особено во контекст на воената мобилност.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство од сертификацијата на Лесната пешадиска баталјонска група како борбено подготвена, оценувајќи го тоа како потврда за професионалноста и способноста на Армијата да придонесува во операциите предводени од НАТО, ЕУ и ОН.

Повикувајќи се на искуството од членството во НАТО, таа укажа дека исполнувањето на високите сојузнички стандарди треба да биде пример за доследна примена на Копенхашките критериуми во процесот на европска интеграција.

Претседателката ја реафирмираше поддршката за Украина и потребата од континуирана политичка, воена, финансиска и хуманитарна помош, во знак на сојузничка солидарност.

Според неа, сеопфатниот, праведен и траен мир мора да почива врз меѓународното право и Повелбата на Обединетите Нации, а доследноста во почитувањето на овие принципи е неразделна од почитувањето на меѓународниот поредок.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара од Лукаревска итно да ја закаже надзорната расправа за Алта банка, кој тука се колеба?!

Стојаноски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги постави сите прашања коишто ја интересираат јавноста, бидејќи смета дека се создава паника таму каде што нема потребa, а граѓаните заслужуваат одговори.

Директорот на АХВ Оливер Миланов поднесе оставка, на негово место е назначен Јовица Андовски од здравство

АХВ во остро соопштение ги отфрли тврдењата на претседателот на асоцијацијата на сточари Насер Џемаили дека оставката на досегашниот директор Оливер Миланов е резултат на притисокот и незадоволството на сточарите поради доцнењето на вакцините против сипаници кај овците и козите.

Администраторот од НБРМ Илија Андовски ги издал лиценците на менаџметот на Алта банка, се гледа ли позитивен епилог на долг рок?!

Народната банка веќе назначи тројца администратори назначени од Народната банка го преземаат управувањето со Алта банка АД Битола во наредните три месеци, поради околности што можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност.

Вајц повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија, но и да се промени македонскиот устав!

Известувачот за Македонија Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент, каде што беше претставен пакетот за проширување, ја повика еврокомесарката Марта Кос да вложи дипломатски напори за решавање на прашањето меѓу Македонија и Бугарија.

За Кос Македонија е „меѓу најподготвените кандидати за ЕУ“, ама уставните измени остануваат услов за напредок!

„С.Македонија ја подобри подготвеноста за членство во Европската Унија и е меѓу земјите кандидати со највисок степен на усогласеност со европското законодавство. Сепак, за деблокирање на пристапните преговори и отворање на првиот кластер ‘Темели’, земјата треба да ги усвои уставните измени договорени во 2022 година, со кои се предвидува вклучување на малцинствата во Уставот.“ –  порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на денешната прес-конференција во Брисел по повод  претставувањето на „Пакетот за проширување“ за 2026 година.

Тошковски: Полициските возила ќе снимаат сообраќајни прекршоци и каде што нема камери од „Безбеден град“!

Од 2027 година, возилата на Министерството за внатрешни работи ќе добијат и функција за автоматско регистрирање сообраќајни прекршоци, особено на патиштата и локациите каде што сè уште нема поставено камери од системот „Безбеден град“.

Воената академија се дистанцира од контроверзните лични ставови на Петар Богојески и ќе ги разгледува, можни се мерки против него!

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје официјално одговори на иницијативата, поднесена од уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев во врска со јавните настапи и контроверзните ставови на доц. д-р Петар Богојески. Од институцијата потврдуваат дека доставените иницијативи и материјали ќе бидат упатени на разгледување до надлежните тела, кои ќе утврдуваат дали постојат повреди на професионалните и етичките обврски. Ова го објави порталот „Лидер“.

Најнови вести

To top