Македонија

Сиљановска-Давкова: Врските со дијаспората мора да се негуваат

Географската дистанца не значи и духовно оддалечување од татковината, оти човек може физички да замине од својата земја, но таа не заминува од него.

Претседателката на Македонија за време на престојот во Брисел оствари средба со Македонци кои живеат или се на привремена работа во Белгија истакнувајки дека врските со дијаспората мора да се негуваат:
„Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и поцврста поврзаност со македонските институции“, објави Сиљановска-Давкова на социјалните мрежи.
„Географската дистанца не значи и духовно оддалечување од татковината, оти човек може физички да замине од својата земја, но таа не заминува од него.
Врските со дијаспората мора да се негуваат, да се шират и да се продлабочуваат, без оглед на етничкото потекло, јазикот или генерацијата на која ѝ припаѓаат иселениците.
Тие ја истакнаа подготвеноста, преку различни проекти, да ги споделат стекнатите знаења и искуства со македонските граѓани, како и својата експертиза и професионалните контакти да ги стават во функција на унапредувањето на трговската размена и поефикасното користење на европските фондови“, објави претседателката на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

To top