Свет

Цените на нафтата пораснаа по новата закана од американскиот претседател

Пазарите остро реагираа на зголемената геополитичка неизвесност

Цените на нафтата на светските берзи денеска повторно пораснаа и на лондонскиот пазар се приближија до 97 долари за барел.

Причината е изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД се подготвени повторно да извршат напад врз Иран доколку тоа биде потребно.

На лондонската берза барелот достигна 97,05 долари, што е раст од 2,43 долари во однос на вчерашниот ден.

На американските берзи цената поскапе за 2,25 долари и се движеше околу 90,37 долари за барел.

Вчера пазарите забележаа пад поради шпекулации дека Трамп би можел да ја оконча војната во Иран.

Денешниот раст, пак, доаѓа по неговата изјава за „Фајненшл тајмс“, во која нагласи дека САД се подготвени повторно да го нападнат Иран „ако мораат“, но истовремено додаде дека можеби нема да има потреба од тоа.

Најнови вести од: Свет

Трамп би можел пак да го нападне Иран !?

Нови напади врз Иран ниту значително би ја промениле преговарачката позиција на Техеран, ниту би довеле до промена на режимот, тврдат еден претставник на американското разузнавање и уште двајца американски функционери запознаени со проценките на разузнувачките служби

To top