Спорт

Гаштаров меѓу најдобрите во победата на Звезда во Конференциската лига

„Црвено-белите“ славеа над Интер Ескалдес со 2:1 во Белград, а големата надеж на македонскиот фудбал доби оценка 8

Матеј Гаштаров е меѓу најзаслужните за тешко изборената победа на Црвена звезда од 2:1 над Интерс Ескалдес од Андора во Белград во третото коло од Конференциската лига на УЕФА.

Големата надеж на македонскиот фудбал доби оценка 8 за погодениот дирек од голот на гостите, за креираните шанси по израмнувачкиот гол на српскиот шампион во 80. минута и за поврзувањето на редовите на „црвено-белите“, кои дури во втората минута од судиското продолжение го скршија отпорот на аутсајдерот.

„Воопшто не го потценивме противникот. Во секој дуел влегуваме како да играме со Реал Мадрид. Тоа секако не го направивме“, изјави по мечот 19-годишниот играч за врска и на македонската репрезентација.

И Елиф Елмас беше стартер и меѓу најдобрите во ремито 1:1 на Аталанта со каират од Казахстан во Бергамо, добивајќи ја третата највисока оценка 7,3 во италијанскиот тим, а во второто полувреме му беше поништен гол.

Борац Бања Лука, за кој настапуваат македонските репрезентативци Себастијан Ерера и Дамјан Шишковски, загуби во Шведска од Мјелби со 2:0, а левиот бек од Колумбија со македонски пасош ги одигра сите 90 минути.

Најнови вести од: Спорт

Шпански фудбалер почина откако доби удар со колено од противничкиот голман (ВИДЕО)

Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, и во обидот да интервенира, ја крена ногата и силно го удри Де Мигел со коленото, по што тој падна на теренот и ја изгуби свест

To top