Необичен случај го привлече вниманието на полицијата во Скопје. 18-годишник од Кочани прво украл електричен тротинет, а потоа самиот ја повикал полицијата тврдејќи дека бил физички нападнат.
На 6 ноември во 19 часот, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода младичот по претходна пријава дека одзел електричен тротинет.
Само неколку часа подоцна, на 7 ноември во 3:30 часот, истото лице се јавило во полиција и пријавило дека, откако ја извршило кражбата, било физички нападнато од едно лице. Според неговите наводи, напаѓачот најверојатно бил сопственикот на тротинетот.