Македонскиот автомобилист Марко Блажевски ја освои европската шампионска титула во Renault Cup. Со силен настап на патеката „Мизано“ во Италија, тој го обезбеди првото место во генералниот пласман една трка пред официјалното завршување на сезоната.
Блажевски ја помина целата година со стабилни и високи резултати, а трката во Италија беше логичен врв на неговите напори. Со прецизно возење и одлично темпо, тој ја потврди титулата и го оствари најголемиот успех во досегашната спортска кариера.
Овој триумф претставува значаен момент за македонскиот автомобилизам, бидејќи Блажевски се искачи на европскиот врв во својата категорија.
Зад освоената титула стојат години посветеност, напорна работа, како и поддршката од тимот, спонзорите и партнерите.
По освоената круна, Блажевски им се заблагодари на сите што го следеа и поддржуваа на патот до европскиот врв.
„Ова е еден од најголемите моменти во мојата кариера. Да се стане европски шампион и тоа една трка пред крајот на сезоната е нешто посебно. Мизано ќе остане засекогаш во моето сеќавање. Оваа титула не е само моја, туку и на сите кои веруваа во мене и ми помогнаа да стигнам до овој успех“, изјави Блажевски.
Со овој успех, Марко Блажевски испиша нова страница во историјата на македонскиот автомобилизам и уште еднаш ја претстави Македонија на европската спортска сцена.
View this post on Instagram