Македонија

E Roma nane umorna taro pobuter lavkeripe bla – bla

Насловот на текстот е на ромски јазик во знак на поддршка на ромската кауза

Го слушаме гостувањето на господинот Менсур Алити на Roma News. Повторно и повторно говори за недостигот од силно ромско претставување, дискриминацијата, институционалната незаинтересираност и тешката положба на Ромите, пишува Рома Прес.

Од таму прашуваат како никогаш не се поставува едно суштинско прашање:

,,Господине Алити, а вие и останатите кои со години сте на високи позиции во ромските организации, со милиони буџет – што направивте досега?

Каде се резултатите од сите тие години поминати на функции, во европски организации, на конференции, форуми и проекти? Каде завршија значителните финансиски средства наменети за ромската заедница? Кој ќе презентира отчет за нивното трошење и за конкретните промени што ги донесоа”?

Од Рома Прес укажуваат дека денес, не говориме за една или две години, туку за децении во кои одредени луѓе имаа можност да влијаат врз процесите, да носат одлуки и да располагаат со сериозни финансиски ресурси во име на Ромите.

Рома Прес поставува уште едно суштинско прашање: А што се промени во реалниот живот на обичниот Ром?

,,Додека некои со години патуваат, учествуваат на европски конференции, организираат состаноци и зборуваат за стратегии и интеграција, истрошени пари и пари, илјадници Роми се уште се борат за основни услови за живот: вода, струја, образование, вработување, документи, домување и човечко достоинство.

Можеби проблемот не е во недостигот на ромски организации и претставници. Можеби проблемот е во недостигот на одговорност и отчетност кон народот што наводно го претставуваат.

Ете ќе заборавев и на ова: дали јавноста има причина да се запраша дали гледаноста на вашите Live-гостувањето е целосно органска или можеби се е вештачки?Дали бројките на екранот навистина ја покажуваат поддршката од ромската јавност?

Ромскиот народ ја знае вистината!

Авторитетот не се гради со функции, титули, конференции, самопрогласени заслуги или евентуално купени прегледи. Авторитетот се гради со доверба, чесност и конкретни дела.

Бројките на екранот можеби можат да создадат впечаток на популарност( пари за тоа имате) но довербата, карактерот на еден народ не може да се купи!

Затоа, господа, пред повторно да зборувате за тоа што треба да се направи за Ромите, покажете што направивте вие за нив!

И запомнете една битна работа – Ромите не се уморни од недостигот на говори. Ромите се уморни од говори без резултати” се вели во коментарот!

Најнови вести од: Македонија

To top