Македонија

Мицкоски: Успехот на секоја компанија е успех за целата држава

Нашата цел е да изградиме економија во која трудот се исплатува, инвестициите се поттикнуваат, младите имаат перспектива, а домашните компании се конкурентни на европските и светските пазари, вели премиерот

Успехот на секоја компанија, секоја инвестиција и секое новоотворено работно место е успех за целата држава. Економијата не познава етнички или верски граници. Нашата цел е да изградиме економија во која трудот се исплатува, инвестициите се поттикнуваат, младите имаат перспектива, а домашните компании се конкурентни на европските и светските пазари, вели премиерот Христијан Мицкоски кој синоќа присуствуваше на 17. манифестација „ТОП 100“, во организација на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Во објавата на својот фејсбук профил, Мицкоски нагласува дека во Владата, бизнис-заедницата има партнер и поддршка за нови инвестиции, производство и развој.

„Честитки до сите компании кои вечерва беа препознаени за своите резултати, но и до сите претприемачи и стопанственици кои секојдневно создаваат нови вредности и придонесуваат за економскиот развој на Македонија. Затоа што силна економија значи силна Македонија“ навед премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

To top