Спорт Карма: По фијаското со Алкалоид во Европскиот куп, АЕК остана и без титулата во Грција 15.06.2025 by expres.mk6 | Leave a Comment Ракометарите на АЕК ги стигна кармата по неславното бегство од реваншот со Алкалоид во финалето на Европскиот куп, што ги чинеше пехарот во третото клупско натпреварување на ЕХФ по ранг, па тимот од Атина остана и без шампионската титула во Грција. Во мајсторката од финалето на плејофот АЕК загуби со 32:30 на свој терен од […] Read more » АЕК Олимпијакос финале на плејофот Грција ракомет Европски куп Алкалоид
Македонија Кога би бил премиер, Каракачанов би ѝ ставил вето на Македонија додека на власт е Мицкоски 14.06.2025 by expres.mk6 | Leave a Comment Поранешниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов на тамошната телевизија Бугарија он ер уште еднаш се произнесе за својата омилена тема „Македонија“, овојпат изразувајќи нескриен анимозитет кон претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски. „Со оглед на политиката што (Владата на Македонија – н.з.) ја води за оцрнување и навредување на Бугарија, Бугарија мора […] Read more » Христијан Мицкоски Македонија Бугарија Красимир Каракачанов вето Бугарија он ер
Македонија Македонија подобра земја за пензионирање од Данска, Холандија, Норвешка, Финска, според списание од САД! 14.06.2025 by expres.mk6 | Leave a Comment Водечкото американско бизнис списание CEOWorld ја класификува Македонија повисоко од три скандинавски земји и вкупно седум членки на Европската унија според тоа каде е подобро да се замине во пензија! На листата на 80 држави опфатени со меѓународно истражување спроведено во јануари и во март годинава со 126.000 учесници Македонија се најде на 56. место […] Read more » Македонија пензионирање CEOWorld истражување
Спорт По 15 години, Македонија повторно во Втората светска група од Дејвис купот 14.06.2025 by expres.mk6 | Leave a Comment Петнаесет години откога последен пат играше во Втората светска група на Дејвис купот, тениската репрезентација на Македонија в година повторно ќе биде дел од овој ранг благодарејќи на освоеното трето место во конкуренција на шест селекции на турнирот од Третата европска група во Скопје. „Црвено-жолтите“ во последното коло загубија со 2:1 од Летонија, која заврши […] Read more » Македонија Летонија Дејвис куп тенис Втора светска група
Спорт Инфаркт-победа за македонските одбојкари над Летонија пред „судирот“ со Грција во Европската златна лига 14.06.2025 by expres.mk6 | Leave a Comment Машката одбојкарска репрезентација на Македонија ја прокнижи првата победа во годинашното издание на Европската златна лига, добивајќи го трилерот во Даугавпилс со домаќинот на вториот турнир Летонија со 3:2, по сетови 18-25, 25-19, 20-25, 25-23 и 25-23. Избраниците на селекторот Јошко Миленковски ја искористија дури седмата меч-топка за првите два бода за деветтото место во […] Read more » Македонија Грција Летонија одбојка Европска златна лига
Свет Одмазднички контранапад на Иран врз Израел, повредени над 40 лица 13.06.2025 by expres.mk6 | Leave a Comment Иран истрела стотици балистички ракети кон Израел, според државните медиуми, како одговор на нападите од Израел претходно во петокот. Иран изврши напади врз „десетици цели, воени центри и воздухопловни бази“, кои му припаѓаат на Израел, според Исламската револуционерна гарда. И според висок ирански функционер, Израел „се соочува со темна ноќ пред себе“. Бројот на повредени […] Read more » Израел Иран
Свет Путин го осуди израелскиот напад и изрази сочувство до Иран 13.06.2025 / 13.06.2025 by expres.mk6 | Leave a Comment Рускиот претседател Владимир Путин оствари телефонски разговори со својот ирански колега Масуд Пезешкијан и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ескалацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран. „Претседателот изрази сочувство до раководството и до народот на Исламска Република Иран во врска со бројните човечки жртви, вклучително и цивили, како резултат на израелските напади“, […] Read more » Израел Иран Бенјамин Нетанјаху Владимир Путин Масуд Пезешкијан
Свет САД не беа вклучени воено во нападот, но ќе го бранат Израел ако Иран возврати, порача Трамп 13.06.2025 by expres.mk6 | Leave a Comment САД ќе „се бранат себеси и Израел“ ако Иран возврати на израелскиот напад, изјави претседателот Доналд Трамп за Фокс њуз во телефонски разговор со водителот Брет Бајер утрово, објави телевизијата. Трамп изјави дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повеќепати во последните денови и однапред знаел за планираниот напад, додавајќи дека „немало изненадувања“. Сепак, тој […] Read more » Израел Иран Доналд Трамп Бенјамин Нетанјаху Фокс њуз
Спорт Митровски во Олимпија со рекорден трансфер за клубот од Љубљана (ВИДЕО) 13.06.2025 by expres.mk6 | Leave a Comment Димитар Митровски во наредните три години ќе го носи дресот со број 8 на Олимпија од Љубљана, која ќе му исплати на Вараждин 1,2 милиони евра за македонскиот фудбалски репрезентативец, рекордна отштета за осумкратниот словенечки шампион. „Од Вараждин во Љубљана. Димитар е змеј. Добредојде во престолнината“, објавија „змајчеки“ на социјалните мрежи. Играчот за врска со […] Read more » фудбал Димитар Митровски Олимпија Љубљана Вараждин квалификации за ЛШ
Свет Русија од почетокот на војната загуби над милион војници, тврди Украина 12.06.2025 by expres.mk6 | Leave a Comment Загубите на руски војници од почетокот на конфликтот во Украина надминаа еден милион луѓе, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на социјалните мрежи. „Вкупните борбени загуби на руските војници од 24 февруари 2022 година до 12 јуни 2025 година во војната против Украина изнесуваат околу еден милион и 340 луѓе, од кои 1.140 луѓе […] Read more » Украина Русија губитоци жива сила