Бизнис

Биткоин на 125.000$: Глобалната неизвесност си го прави своето

Биткоинот првпат по 17 години го проби рекордниот максимум од 125.000 долари за време на азиското тргување

freepik.com

Биткоинот првпат по 17 години го проби рекордниот максимум од 125.000 долари за време на азиското тргување, со промет од речиси 50 милијарди долари во последните 24 часа, според CoinGecko. Скокот предизвика масовни ликвидации на „кратки“ позиции: 100 милиони долари за еден час и над 200 милиони во денот, принудувајќи инвеститорите да купуваат за да ги покријат загубите, што дополнително ја зголеми цената.

Растот од 14% неделно е поттикнат од поволни глобални услови, зголемен институционален интерес и свртување кон децентрализирани средства поради американското затворање на владините услуги по неуспехот за федералниот буџет. Аналитичарите од Decrypt очекуваат понатамошна побарувачка, додека Џеф Кендрик од Standard Chartered Bank нагласи корелација со ризиците од американската влада, предвидувајќи нов врв и цена од 135.000 долари наскоро.

Инвеститорите бараат заштита од политички и економски тензии: златото порасна 0,5% на 3.876,55 долари за унца (+2% неделно), додека S&P 500 и Nasdaq забележаа дневни пораст од 0,5% и 0,27%. Оваа комбинација ја истакнува улогата на Биткоинот како алтернатива во неизвесни времиња.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

Најнови вести

To top