Бизнис

Депозитите во мај пораснаа за 8,6 %, кредитите за 13,4 %

Во мај, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, остварија месечно зголемување од 1,1 процент и 1,4 проценти, соодветно, при годишен раст од 11,2 проценти и 16,3 проценти, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се повисоки за 1,7 проценти и 8,4 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно.

Во мај годинава, анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 8,6 проценти поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, додека вкупните кредити се со раст од 13,4 проценти како резултат на повисоките кредити кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор, информира Народната банка.

Паричната маса во мај годинава е зголемена за 0,8 проценти на месечна основа, во најголем дел како резултат на растот на готовите пари во оптек, долгорочните депозити до две години и депозитните пари, при остварен раст и на краткорочните депозити. Анализирано на годишно ниво, паричната маса е повисока за 8,6 проценти, поради растот на депозитните пари, краткорочните депозити, готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години.

Во мај, вкупните депозити бележат месечно зголемување од 0,8 проценти, коешто се должи на зголемените депозити на корпоративниот сектор. Годишниот раст на депозитите изнесува 8,6 проценти и во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“.

Депозитите на корпоративниот сектор остварија нагорна месечна промена од 2,5 проценти, во поголем дел поради растот на депозитните пари и долгорочните депозити во денари, при помал раст и на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад на краткорочните депозити во странска валута. Годишниот раст од 5,8 проценти главно произлегува од зголемувањето на депозитните пари и долгорочните депозити во денари, при забележан пад на краткорочните депозити во денари.

Во мај, депозитите на домаќинствата се речиси непроменети на месечна основа. Во споредба со истиот месец минатата година, депозитите на домаќинствата се повисоки за 9,7 проценти, главно под влијание на зголемувањето на депозитните пари, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута.

Кредитите на корпоративниот сектор во мај бележат месечен раст од 0,9 проценти којшто во поголем дел е резултат на повисоките кредити во денари, при помал раст и на кредитите во странска валута. Анализирано на годишна основа, растот изнесува 15 проценти и во целост се должи на зголеменото кредитирање во денари.

Кредитите на домаќинствата, во мај, забележале месечно и годишно зголемување од 1,3 проценти  односно 1 процент поради растот на кредитирањето во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари.

Во мај, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, остварија месечно зголемување од 1,1 процент и 1,4 проценти, соодветно, при годишен раст од 11,2 проценти и 16,3 проценти, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се повисоки за 1,7 проценти и 8,4 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top