Бизнис

„Ферари“ со бонуси за вработените до 15 илјади евра

Италијанскиот производител на луксузни автомобили со рекордни годишни парични награди за своите работници

„Ферари“ продолжува да објавува одлични финансиски резултати и да ги наградува вработените со рекордни годишни бонуси.

Иако во 2025 година беа испорачани 13.640 возила, нешто помалку од претходната година, приходите се зголемија за 7 проценти и достигнаа 7,1 милијарди евра, а оперативната добивка скокна за 12 отсто на 2,1 милијарди евра.

Извршниот директор Бенедето Виња изјави дека вработените во Италија би можеле да очекуваат бонус до 14.900 евра. „Ферари“ вработува околу 5.000 луѓе во Италија.

Компанијата веќе го распродаде производствениот капацитет за 2026 година, а нарачките за 2027 година се речиси исполнети.

Постојат планови за дури 20 нови модели до 2030 година, вклучувајќи го и првиот целосно електричен модел наречен Luce, кој пристигнува оваа година.

Сепак, „Ферари“ не се откажува од моторот со внатрешно согорување. До крајот на деценијата, 80 проценти од гамата ќе бидат модели со бензински мотори или хибридни погонски склопови, додека електричните возила ќе имаат удел од околу 20 проценти.

Компанијата најавува понатамошен развој на V6, V8 и V12 мотори, со подобрувања на перформансите и усогласеност со сè построгите еколошки стандарди.

Најнови вести од: Бизнис

Геополитичкиот ризик ја турка нагоре цената на нафтата – блокадата на Ормускиот тесенец сеуште трае

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари продолжија да растат и надминаа 111 долари за барел, при што инвеститорите остануваат скептични дека САД и Иран наскоро би можеле да го решат конфликтот преку преговори.

Какви мерки предлагаат експертите во однос на енергетска криза?!

Зголемувањето на инфлацијата е неизбежно, со оглед на тоа дека кризата на Блиски Исток има трипати поголем потенцијал од онаа која произлезе од војната во Украина – оценка на економските експерти. Советуваат подобра координација на фискалната и монетарната политика, зголемување на каматната стапка при заострување на состојбата, поддршка на ранливите категории граѓани и на бизнисот за одржување на ликвидноста.

Се враќаат парите од солидарниот данок – дел сега, дел в година

Министерството за финансии започна со исплата на средствата кон компаниите во текот на 2023 година ги уплатија во Буџетот по основ на Законот за данок на солидарност. Досега преку Трезорот на Министерството за финансии се реализирани налози во вкупен износ од 990 милиони денари. Вкупниот износ којшто компаниите го уплатија во 2023 година во Буџетот […]

To top