Бизнис

(Фото): Иновациите треба да придонесат за поодговорно и поинклузивно кредитирање, вели гувернерот Славески

Целта е развојот на финансиските услуги да создава економски можности и да придонесува кон одржливо кредитирање, без да се загрозат финансиската стабилност и довербата на граѓаните и компаниите.

Иднината на кредитирањето треба да значи попаметен, поинклузивен и поодговорен пристап кон кредитите. Доколку успееме да ги споиме иновациите со стабилноста, технологијата со довербата, а конкуренцијата со одговорноста, тогаш ќе можеме да кажеме дека создаваме нова перспектива за кредитирањето, истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во своето воведно обраќање на Конференцијата „Микробалканс 2026 – Кредитирањето од нова перспектива“. Тој посочи дека технолошкиот развој, поголемата достапност на податоците и појавата на нови деловни модели ги поместуваат границите меѓу традиционалното банкарство и небанкарските финансиски услуги. Овој тренд е особено видлив на меѓународно ниво – според податоците на Одборот за финансиска стабилност (ФСБ), во 2024 година, небанкарскиот финансиски сектор во светот растел двојно побрзо од банкарскиот, додека во Европската Унија небанкарските извори обезбедуваат речиси една четвртина од кредитирањето на нефинансиските компании.

Целта е развојот на финансиските услуги да создава економски можности и да придонесува кон одржливо кредитирање, без да се загрозат финансиската стабилност и довербата на граѓаните и компаниите. За разлика од развиените финансиски системи, македонскиот финансиски систем и понатаму е претежно ориентиран кон банкарскиот сектор. Активата на банките зазема околу три четвртини од вкупната актива на финансискиот систем.

  • „Во изминатите пет години, од 2020 до 2025 година, кредитирањето од небанкарските финансиски институции – финансиските друштва и лизинг-компаниите – растеше со просечна годишна стапка од 22,3%. Во истиот период, кредитирањето од страна на банките кон нефинансиските друштва и домаќинствата се зголеми со просечна годишна стапка од 9,6%“, истакна гувернерот Славески.

Сепак, овие компании и понатаму имаат релативно мал удел, од околу 2,5% од вкупната актива на финансискиот систем.

  • „Технологијата не ги елиминира основните ризици во кредитирањето. Кредитниот ризик останува кредитен ризик, без оглед на тоа дали кредитот се одобрува во филијала или преку дигитална платформа. Затоа, иновациите мора да одат паралелно со одговорното кредитирање, транспарентноста и соодветната заштита на клиентите“, посочи гувернерот.

Тој се осврна и на новите ризици поврзани со дигитализацијата, особено киберризиците, коишто наметнуваат потреба од постојано унапредување на управувањето со ризиците и на регулаторните и супервизорските практики. Гувернерот посочи дека Народната банка останува посветена на создавањето стабилен, сигурен и отпорен финансиски систем, којшто истовремено ќе биде отворен за иновации, конкуренција и нови модели на финансирање.

Најнови вести од: Бизнис

Данецот кој сака да купи дури 1.000 станови во Скопје основа две градежни фирми во Македонија

Според достапните регистарски податоци, двете друштва-основачи се регистрирани пред некое време во Данска, односно на 9 септември 2026 година, а како нивен директор е наведен Томас Нилсен. „VK Skopje Development ApS“ е основана во декември 2023 година, а како нејзин сопственик е наведена „Vaekst Holdings S.à r.l.“.

(Фото): Гувернерот и министерката за финансии а средба со високи претставници од Светската банка

Продолжувањето на ова партнерство претставува важна поддршка за натамошниот развој на финансискиот систем во нашата земја, зголемувањето на неговата отпорност и поефикасното поврзување со европската и регионалната финансиска инфраструктура.

Гувернерот на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки соработуваат и разговараат за состојбите во глобалната економија, финансиската стабилност, монетарната и фискалната политика, развојното финансирање и предизвиците со кои се соочуваат земјите членки.

Славески: Се стабилизира растот на цените на становите, мерките на НБ поддржуваат прво купување дом

Гувернерот нагласи дека побарувачката на кредити и натаму е висока, иако бележи извесно забавување, укажувајќи дека тоа засега не се одразува негативно врз квалитетот на кредитното портфолио на банките.

Шведскиот пазар како следен чекор за македонските брендови, Бизнис Арена ги поврзува компаниите со нови можности за раст

„Бизнис Арена 2026“ на 14 октомври во DoubleTree by Hilton Skopje ќе ги обедини компаниите, експертите и деловните партнери околу можностите за раст и настап на нови пазари.

АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра

Без разлика дали штедите за нов дом, семејни планови, важна животна цел или едноставно сакате вашите заштеди да растат, АЛТА банка ви нуди можност да го направите следниот чекор со избор на денарски и девизни депозити со фиксни каматни стапки.

To top