Бизнис

Инфлацијата е стабилизирана – девизните резерви се на сигурно ниво, вели Гувернерот Славески

Во последните четири месеци не само што инфлацијата е стабилизирана туку имаме и месеци на нејзино намалување. Од особена важност е што се стабилизирани инфлациските очекувања на домаќинствата и на фирмите, односно нема очекувања за постојан раст на цените и сметам дека тоа е постигнато, нагласи Славески.

Инфлацијата во земјава е стабилизирана и инфлациските очекувања се закотвени, додека девизните резерви се на високо ниво и обезбедуваат силна гаранција за стабилноста на девизниот курс, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во емисијата „24 анализа“. Гувернерот истакна дека трендовите кај инфлацијата во изминатите месеци укажуваат на јасна стабилизација, при што во два наврата е забележано и месечно намалување на цените од 0,2 отсто.

  • „Во последните четири месеци не само што инфлацијата е стабилизирана туку имаме и месеци на нејзино намалување. Од особена важност е што се стабилизирани инфлациските очекувања на домаќинствата и на фирмите, односно нема очекувања за постојан раст на цените и сметам дека тоа е постигнато“, нагласи Славески.

Според проекциите на Народната банка, како и на Владата и другите финансиски институции, се очекува дека инфлацијата ќе се движи во распон од 2,5 до 3 проценти.

  • „Нашата цел е во среден рок, односно во период од две до три години, инфлацијата да се сведе на 2 процента, што одговара на историскиот просек на движењето на инфлацијата кај нас“, истакна гувернерот.

Тој потсети дека од февруари наваму Народната банка ја нема променето референтната каматна стапка на благајничките записи, но истовремено биле преземени и макропрудентни мерки.

  • „Таму каде што почувствувавме одредена прегреаност на кредитирањето на населението, пред сѐ кај станбената изградба, презедовме релативно благи, но видливи мерки. Тие придонесуваат за насочување на штедењето кон денарско наместо девизно, што веќе се забележува во билансите на банките, како и за заострување на условите за купување недвижности за инвестициски цели“, појасни Славески.

Во однос на девизните резерви, гувернерот нагласи дека тие се на исклучително стабилно и сигурно ниво.

  • „Девизните резерви се повисоки за околу 50 проценти во однос на 2019 година и изнесуваат околу 4,9 милијарди евра. Тоа е сосема комотно ниво коешто гарантира стабилност на девизниот курс и обезбедува простор за интервенции, доколку се укаже потреба“, изјави Славески.

Тој потсети дека за време на пандемијата, Народната банка интервенирала и дел од резервите биле искористени, но во наредните години тие биле целосно надоместени.

  • „Доколку се земе предвид дека девизните резерви треба да обезбедат покриеност на увозот од најмалку четири месеци, таа кај нас во моментов изнесува 4,6 месеци, што е над сите меѓународни стандарди“, заклучи гувернерот на Народната банка.

Најнови вести од: Бизнис

УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура

УЈП ги повика сите компании кои досега не се вклучиле, а кои развиваат и одржуваат системи за фактурирање, како и компаниите кои користат системи за фактурирање што може да ги надградуваат, веднаш да се вклучат во тестирањето.

(Видео): Рекордна реализација на капиталните инвестиции до сега

Паралелно се работи на сите автопатски делници низ државата, со посебен фокус на проектите што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“, дека интензивно напредуваат и железничките проекти со сериозни подготовки за изградба на брзата пруга, додека автопатот Охрид–Кичево конечно се очекува да ја добие својата завршница до крајот на годината.

(Фото): Со изградбата на далноводот Битола-Елбасан се поврзуваме со соседните електроенергетски системи

Електроенергетското поврзување меѓу Македонија и Албанија добива втора шанса. Поставен е камен темелникот на 400 киловолтниот далекувод Битола–Елбасан. Токму со овој проект започнат од 2014 година започна и емисијата Бизнис 21- Истражувањето каде завршија 50 милиони евра за нашето енергетско поврзување со Албанија.

Ќе се јаде скапо јагнешко месо – сточарите го даваат евтино, трговците го продаваат прескапо

Велигденската трпеза и годинава ќе биде сè поскапа. Ниската откупна цена на јагнето нема да ја намали цената на јагнешкото во пресрет на празниците. Одгледувачите на јагниња велат ако не се државните субвенции ќе бидат во загуба.

Кризата ќе ги помати очекувањара за растот на македонската економија?! Што прогнозира ММФ?!

ММФ препорачува да се подобрат перформансите на државните претпријатија што е од суштинско значење за да се обезбеди ефикасност на распределбата на јавните ресурси и да се ограничат фискалните ризици.

ММФ за Народна банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

ММФ искажува задоволство и од посветеноста на усогласувањето на домашната регулатива со европските стандарди, што ќе придонесе за натамошно јакнење на супервизијата, решавањето банки и на целокупната финансиска стабилност.

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

Најнови вести

To top