Бизнис

Каде во Европа струјата е најскапа, а каде најповолна?! И Македонија е рангирана на листата

Цените на електричната енергија останаа релативно стабилни во повеќето земји, со промени помали од 10% помеѓу првата половина од 2024 и 2025 година. Но, некои земји забележаа значителни движења на нивните национални валути, а Молдавија и Турција се издвоија со зголемување од повеќе од 50%.

Во првата половина од 2025 година, цените на електричната енергија за домаќинствата во Европа, според податоците на Евростат, се движеа од 6,2 евра за 100 kWh во Турција до 38,4 евра во Германија. Просекот за 38 европски земји, вклучувајќи ги членки на ЕУ, земјите кандидати и земјите од ЕФТА, беше 28,7 евра.

Цените на природниот гас за домаќинствата, исто така, значително варираа во првата половина од оваа година. Највисоки беа во Шведска – 21,30 евра за 100 kWh, по што следуваа Холандија (16,2 евра) и Данска (13,1 евра). Просекот во ЕУ беше 11,4 евра., пишува Euronews.

Западна Европа имаше највисоки номинални цени: Белгија (35,7 евра) и Данска (34,9 евра) беа веднаш зад Германија, а цените надминаа 30 евра во Италија, Ирска и Чешка. Повеќето источноевропски земји и земји-кандидатки имаа значително пониски цени. Македонија со цена на струјата од  11,4 евра се наоѓа меѓу земјите со ниска цена на струјата. Зад не со помалку  од 10 евра за 100 kWh се  во Турција, Грузија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Меѓу членките на ЕУ, Унгарија имаше најниска цена (10,4 евра), додека Шпанија (26,1 евро) и Франција (26,6 евра) останаа под просекот на Унијата.

Експертите од консултантската компанија VaasaETT наведуваат дека разликите одразуваат фактори како што се енергетскиот микс, стратегиите за набавка и политиките за цени на добавувачите, субвенциите и структурните разлики во тарифите.

Кога цените се прилагодуваат на стандардот на куповна моќ (PPS), мерка што ги зема предвид локалните приходи и трошоците за живот, разликите се намалуваат. Еврото едноставно нема иста вредност во сите земји и затоа пониските приходи во номинални износи се донекаде изедначуваат преку  стандардот на куповната моќ (PPS).

Во категоријата електрична енергија и гас, цените се движеа од 12,8 PPS во Исланд до 39,2 PPS во Чешка, по што следуваат Полска (35 PPS) и Италија и Германија, обете над 34 PPS. Хрватска е во средината со 21 PPS. Малта (13,7 PPS), Турција (14 PPS) и Унгарија (15 PPS) имаа најниски вредности. Нордиските земји, особено Норвешка (16 PPS) и Финска (18,7 PPS), уживаат во пониски прилагодени цени, додека Шведска е под просекот на ЕУ од 28,6 PPS.

Цените на електричната енергија останаа релативно стабилни во повеќето земји, со промени помали од 10% помеѓу првата половина од 2024 и 2025 година. Но, некои земји забележаа значителни движења на нивните национални валути, а Молдавија и Турција се издвоија со зголемување од повеќе од 50%.

Во рамките на ЕУ, Луксембург и Ирска имаа раст од повеќе од 25%. Од друга страна, Словенија, Финска и Кипар забележаа најголем пад, сите над 9% во апсолутна смисла.

Цените на природниот гас за домаќинствата, исто така, значително варираа во првата половина од оваа година. Највисоки беа во Шведска – 21,30 евра за 100 kWh, по што следуваа Холандија (16,2 евра) и Данска (13,1 евра). Просекот во ЕУ беше 11,4 евра. Спротивно на тоа, Унгарија (3,07 евра), Хрватска (4,61 евра) и Романија (5,59 евра) имаа најниски цени на гасот во ЕУ. Во земјите надвор од Унијата, најевтиниот гас беше во Грузија – само 1,7 евра – по што следуваше Турција (2,1 евра). Меѓу најголемите економии на ЕУ, Франција имаше најскап гас (13 евра), пред Италија (12,4 евра) и Германија (12,2 евра). Шпанија (8,6 евра) беше најевтина.

Според експертите на VaasaETT, разликите во цените на гасот се објаснуваат со различните стратегии за набавка и нивното определување, нивоата на складирање, временските услови, поврзувањето со други пазари, субвенциите и тарифниот микс. По прилагодувањето на куповната моќ, Шведска сè уште беше најскапа со 17,6 PPS, а Унгарија имаше најниска цена во ЕУ – 4,4 PPS.

Македонија беше исклучок бидејќи имаше 24,1 PPS, и покрај релативно умерената номинална цена од 12,2 евра.

На годишно ниво, цените на гасот за домаќинствата во првата половина од 2025 година најмногу се зголемија во Турција (28,2%), Македонија (26%), Естонија (23,9%), Бугарија (23,6%) и Шведска (20,9%). Во Хрватска, растот беше 3,1 процент.

Значително намалување е забележано во неколку земји, вклучувајќи ја Словенија (12,7%), Австрија (11,5%) и Чешка (10,9%), сите со намалување од повеќе од 10 проценти во апсолутна смисла.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top