Бизнис

(Видео): Водиме одговорна фискална политика и обезбедуваме услови за економски раст, велат од Владата

Македонија е меѓу првите пет земји во Европа по раст на БДП, покажуваат податоците од Евростат и Државниот завод за статистика, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека во целост е затворен процесот на отплата на Еврообврницата изддена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра и дека сите  средства потребни за отплата на еврообврзницата беа однапред планирани и обезбедени. Средстата беа депонирани на девизната сметка  и отплатата беше реализирана согласно планираната динамика.

  • „Денеска официјално е заокружена исплатата на еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Со тоа, во целост ја исполнивме оваа обврска кон инвеститорите. Средствата од наша страна беа исплатени уште минатата недела, а денеска тие се веќе пристигнати на сметките на инвеститорите. Како што е познато, во февруари годинава предвреме отплативме дел од оваа еврообврзница во износ од 383,7 милиони евра. Нашата цел беше со средствата обезбедени преку еврообврзницата издадена во јануари 2026 година да извршиме предвремен откуп и на тој начин да оствариме заштеди по основ на камати. На тој начин во буџетот заштедивме 3,2 милиони евра“, појасни министерката на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

Таа потенцира дека ова е дел од пошироките активности што континуирано ги презема Министерството за финансии за навремено и редовно сервисирање на сите обврски на државата и дека од втората половина на 2024 година, кога ја презедовме одговорноста за управување со јавните финансии, па до денес, сервисирани се обврски во вкупен износ од 4,556 милијарди евра и дека во наредниот предиот доспеваат за отплата 9 милијарди евра и дека ќе продолжи процесот на внимателно управување со обврските.

  • „Во втората половина на 2024 година беа исплатени 786 милиони евра, во текот на 2025 година 2,198 милијарди евра, а во текот на 2026 година 1,571 милијарди евра. Во 2027 година 1,4 милијарда евра, во 2028 година 1,9 милијарди евра, 2029 година 1,1 милијарда евра, 2030 година 1,7 милијарди евра и 2031 година 1,2 милијарди евра. Дополнително на тоа се и 12-месечните задолжувања во период од 2026-2031 што значи на годишно ниво околу 1 милијарда евра државни записи кои доспеваат и се враќаат во континуитет“, истакна министерката.

Таа додаде дека станува збор за обврски кои се веќе познати и се дел од среднорочната стратегија за управување со јавниот долг и дека во периодот што следува ќе се продолжи со внимателно планирање и навремено обезбедување средства за нивно сервисирање. Според министерката ова е реалната состојба со која се управува и на која се пристапува одговорно и транспарентно. Нашиот фокус, рече, е насочен кон сегашноста и иднината, навремено сервисирање на сите обврски, зачувување на кредитниот рејтинг на државата и обезбедување стабилност на јавните финансии. Истовремено остануваме цврсто посветени на фискалната консолидација, постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, како и обезбедување средства за инвестиции и развој. Тоа е концептот што го спроведуваме од првиот ден и кој има за цел да обезбеди одржлив економски раст и подобар животен стандард за граѓаните.

На прес-конференцијата, на која премиерот се осврна на последно објавените податоци за раст на БДП во првиот квартал од 2026 година, рече дека паралелно со навременото сервисирање на обврските, економијата продолжува да испорачува позитивни резултати.

  • „Денешните податоци за економската активност се уште еден показател дека можеме истовремено да водиме одговорна фискална политика, да ги исполнуваме сите обврски кон доверителите и да обезбедуваме услови за економски раст. Во таа насока, продолжува реализацијата на капиталните инвестиции, буџетскиот дефицит постепено се намалува, а јавниот долг се одржува на стабилно и одржливо ниво. Нашата определба останува непроменета постепена фискална консолидација, намалување на дефицитот, одговорно управување со јавниот долг и создавање услови за повисок економски раст. Крајната цел на сите овие политики е резултатите од економијата, во време на глобална неизвесност, да се почувствуваат во секојдневниот живот на граѓаните преку повисок животен стандард, повеќе инвестиции и подобри можности за развој“ посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Најнови вести од: Бизнис

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

Анализа: Инфлација 2,7% за септември – за една година храната поскапа за 1,7 проценти

Во септември во однос на август нема никаква инфлација, односно трошоците за живот останале непроменети, објави Државниот завод за статистика. Иако ова е позитивна вест, на годишно ниво сè е поскапо од ланскиот септември. Годишната инфлација изнесува 2,7 проценти.

Една година во СЕПА: Над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и фирмите

Народната банка останува посветена на натамошна модернизација и приближување на домашниот финансиски систем до европските стандарди и унапредување на платежната инфраструктура што ќе ја зголеми ефикасноста и ќе обезбеди современи, брзи и достапни плаќања за граѓаните и бизнисите.

To top