Бизнис

Гувернерот бара тоа што го бараат – Од провизии банките лани ќариле над 100 милиони евра

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, повика на јавна дебата и разгледување на законски измени со кои на Народната банка би ѝ се овозможиле механизми за поголема заштита на корисниците на платежните услуги и за ограничување на одредени банкарски надоместоци, по примерот на повеќе европски земји.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески по една година повторно го актуелизираше прашањето за законски измени со кои ќе им се овозможат механизми за ограничување на банкарските провизии и подобра заштита на корисниците на платежните услуги. Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Славески вели дека платниот промет е услуга што секојдневно ја користат граѓаните и компаниите, па оттука прашањето за висината на надоместоците заслужува поширока јавна и институционална дебата.

Народната банка без директна надлежност

  • „Народната банка во моментов нема законска надлежност директно да ги регулира провизиите што ги наплаќаат банките. Сепак, актуелните случувања укажуваат дека е потребно да се разгледаат можностите за дополнување на законската рамка, по примерот на повеќе европски земји“, истакна Славески.

Тој додава дека во значителен број европски држави постојат механизми за ограничување на банкарските трошоци, кои обезбедуваат фер и предвидливи услови за граѓаните и компаниите.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања во однос на можноста да се ограничат банкарските провизии, денеска рече дека „надоместоците не се дел од законска материја, ниту некогаш биле“.

Повикот на Славески доаѓа откако неколку банки најавија зголемување на провизиите за услугите во платниот промет, што предизвика негативни реакции во јавноста. Особено загрижува што во повеќето случаи станува збор за двоцифрени процентуални зголемувања. Според гувернерот, во моментот не постојат оправдани економски причини за ваков потег.

Во објава на Икс, Славески вели дека платниот промет е услуга што секојдневно ја користат граѓаните и компаниите и затоа прашањето за висината на надоместоците заслужува поширока јавна и институционална дебата.

  • „Народната банка во моментов нема законска надлежност директно да ги регулира надоместоците што ги наплаќаат банките. Сепак, актуелните случувања покажуваат дека е потребно да се разгледаат можностите за дополнување на законската рамка, по примерот на повеќе европски земји каде што постојат механизми за заштита на корисниците и обезбедување фер и предвидливи услови за користење на платежните услуги“, пишува Славески.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top