Бизнис

Нема повеќе профит врз грбот на граѓаните, Владата воведува ред на пазарот

Анализите во минатите години покажаа дека поради сивата економија државата губи милиони евра годишно. Само државниот буџет секоја година губи околу половина милијарда евра коишто би можеле да се инвестираат во здравството, образованието или инфраструктурата.

Владата најавува засилена борба против сивата економија во Македонија. Целта е неформалната економија да се намали од 28,9% на 26% од БДП до крајот на 2027 година. „Ќе бидеме и цврсти и праведни и кон оние што избегнуваат обврски и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите. Нашата цел е економија со ред, пазар со правила и држава со достоинство“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“ во Скопје.

Нашата политика е јасна: стабилни јавни финансии и заштитен животен стандард. Ќе продолжиме со дисциплината во приходите, со одговорноста во трошењето и со чувствителноста кон реалните потреби на граѓаните, порача премиерот Христијан Мицкоски. Тој упати остра порака до сите што работат во „сенка“ и оние што користат шпекулативни методи за зголемување на цените и нагласи дека државата нема да дозволи чесните да бидат казнувани, а нечесните да профитираат.

Тој укажа дека сивата економија е загубен приход за државата, загубена можност за повисоки плати, подобри болници, модерни училишта, посигурни пензии.

  • Таа создава нелојална конкуренција, ја руши довербата во институциите и го демотивира секој што работи чесно. Нашата цел е јасна: формалната економија да стане попривлечна од неформалната, да биде полесно, поисплатливо и посигурно да се работи легално – рече Мицкоски, истакнувајќи дека борбата против сивата економија не може да биде само инспекциска туку и системска.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, истакна дека со ревидираниот акциски план за 2026-2027 ќе се постави јасна и мерлива цел за намалување на неформалната економија од 28,9 проценти на 26 проценти од БДП до крајот на 2027 година. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека неформалната економија е сложен и долгорочен предизвик што ја нарушува конкуренцијата, ги оштетува работниците и го намалува фискалниот капацитет на државата.

  • Секој компромис со сивата економија значи понизок економски раст, помалку јавни услуги и послаб квалитет на животот. Затоа ни се потребни системски, конзистентни и одржливи решенија – потенцираше министерот.

Министерството за економија и труд годинава обезбеди 40 милиони евра за новиот оперативен план за вработување, со мерки насочени кон формализација на работата и отворање нови работни места. Дополнително, донесен е Законот за работно ангажирање лица, чија цел е формализирање на одредени форми на работа и приспособување на законската рамка на реалните потреби на пазарот на трудот. Од 1 јануари 2026 година започнува и примената на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со кој се стимулираат компаниите што инвестираат, отвораат нови работни места и остваруваат раст.

Најнови вести од: Бизнис

Вучиќ разговарал со Путин, Србија и понатаму ќе добива двојно поевтин гас од Русија отколку на берза

Во случај на копнена инвазија врз Иран, светот, а особено Европа, ќе се соочи со најголемата енергетска катастрофа во историјата, предупреди српскиот претседател

(Видео): Како ќе изгледа новиот охридски аеродром кој за само два месеца опслужил над 28.000 патници

Со 4 нови линии што ќе започнат од охридскиот аеродромот со летниот распоред на летови (Милано, Виена, Вроцлав и Катовице), како и претходно започнатата нова линија до Братислава, ТАВ Македонија очекува овој двоцифрен раст на патничкиот сообраќај да продолжи. Моментално, од Охрид, како една од најважните туристички дестинации во регионот, летаат 8 авиокомпании до 17 дестинации, меѓу кои 3 се чартер летови.

Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

(Фото): Потпишан колективниот договор за административците – етапно ќе растат платите до 40%

Министерството за јавна администрација со овој чин ја потврдува својата заложба за градење современа, ефикасна и правично организирана јавна администрација, во која се создаваат подобри услови за професионален развој, институционална стабилност и долгорочна мотивација на вработените.

Геополитичкиот ризик ја турка нагоре цената на нафтата – блокадата на Ормускиот тесенец сеуште трае

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари продолжија да растат и надминаа 111 долари за барел, при што инвеститорите остануваат скептични дека САД и Иран наскоро би можеле да го решат конфликтот преку преговори.

To top