Бизнис

Нема субвенции за сите земјоделци, се заоструваат правилата – Министерството го стега „каишот“

Земјоделците се загрижени по најавата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, дека во новата програма е предвидена и минимална површина од 0,5 хектари како услов за остварување право на финансиска поддршка. Тој најави засилени контроли во текот на оваа година, со цел државните средства да завршуваат кај земјоделците што реално придонесуваат за економијата и за развојот на руралните средини.

Повисок долен праг, како услов за субвенционирање во сточарството, полјоделството, градинарството, лозарството и пчеларството предвидува Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2026 година во износ од 6.061.345.000 денари, или 98,5 милиони евра. Програмата ја претстави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, кој потенцираше дека заострените услови се со цел парите да отидат кај вистинските земјоделсци кои имаат комерцијално производство и создаваат додадена вредност. Во таа насока, рече министерот, е новиот услов – најмалку 30 отсто од произведеното да се предаде во откупен центар, или кај преработувачи.

  • Сакам да ги отфрлам обвинувањата од опозицијата и сите кои се обидуваат да ја коментираат програмата за 2026 година дека нема кратење во делот на субвенциите туку има дополнителни условувања во делот на производството во делот кој треба да го постигнеме на едно повисоко ниво, сите овие почетни реформи се да дадеме еден правец каде ќе се движи Македонија во наредниот период. Постојат категории на луѓе не би ги нарекол земјоделци кои се обиделе да го злоупотребат системот и да користат земјоделски субвенции затоа повторувам со новите капацитети кои ќе бидат ставени на располагање на платежната агенција, конторлите на терен ќе се елиминираат сите оние кои ќе закаат да печалат на грбот на државата и да земаат субвенции а да не учествуваат во земјоделскиот процес.

Министерот Цветан Трипуновски ја претстави програмата за субвенционирање за 2026 годинава. Се заоструваат условите за субвенционирање, а целта е да им се помогне на вистинските земјоделци кои имаат комерцијално производство, рече министерот. Тој укажа и на бројни злоупотреби, особено во сточарството.

  • Да се зголеми продукцијата на храна и субвенциите да имаат ефект е целта на реформите во земјоделството, кои почнаа уште минатата година. Нелогично е да имаме милиони евра поддршка, а да бележиме пад на производството. Се покачуваат минималните критериуми за користење субвенции зашто сакаме да ги стимулираме вистинските активни земјоделци. Кај нив треба да дојде поддршката – подвлече Трипуновски.

Осврнувајќи се на планираните промени, кои допрва ќе се спроведуваат, министерот нагласи една од нив – дека со новата програма за поддршка нема да се субвенционира пченицата ако не се користи сертифициран семенски материјал. Земјоделците, пак, сметаат дека треба да се смени условот според кој за добивање субвенции, земјоделците треба да имаат минимум 5 декари засадени со една култура.

Во меѓувреме, од земјоделство најавиија дека државата најверојатно ќе ги поддржи проектите од ИПАРД кои веќе се одобрени, а потоа средствата ќе се компензираат со европски пари.

 

Најнови вести од: Бизнис

АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити

Од првите штедни навики кај најмладите до конкретните можности за штедење на граѓаните, АЛТА банка продолжува да ја поддржува културата на штедење како важен дел од финансиската сигурност и стабилност.

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Најнови вести

To top