Бизнис

Николоски: Следува најкрупната реформа во Железницата

Градиме нови пруги, набавуваме нови локомотиви, патнички возови и создаваме функционални железнички претпријатија

Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на патници, имаме крупни инвестиции во изградба на нови пруги, водиме политика на развој на Железницата како срцевина на економијата, се обрати денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на потпишувањето на Договорот за грант со директорката на Светска банка за Македонија, Керол Межеван.

Договорот кој е во износ од еден милион евра треба да даде поддршка во реформата во преструктурирање на МЖ Транспорт со цел созадавање на функционално претпријатие.
Николоски истакна дека со изборот на оваа Влада, приоритет е МЖ Транспорт да се надградува и да се модернизира.

​-Најпрво направивме законски измени со коишто практично го зачувавме претпријатието, имајќи предвид дека последните одлуки на претходната Влада значеа затворање на Железница Транспорт. Потоа влеговме во сериозна реформа внатре во Железница Транспорт и веќе првите резултати се гледаат. Оваа година имаме позитивни бројки во првите четири месеци. Имаме раст и во бројот на превезени патници и она што е особено значајно и што мене многу ме радува, сериозен раст на карго сообраќајот, истакна Николоски.

​Тој додаде дека со ЕУ се работи на трансформацијата на двете желенички претпријатија како дел од Планот за раст на ЕУ.

-Tокму овој проект којшто го започнуваме денеска со потпишување на овој грант од страна на Светска банка, за што сакам да се заблагодарам, е почеток на реализација на овој проект кој што ќе значи една темелна и суштинска реформа. Паралелно ќе одиме и со набавка на возови, да се обнови флотата, нешто што е особено значајно. Паралелно со една друга финансиска институција веќе потпишавме договор за набавка на електрични локомотиви, коишто многу значат во делот на развој на карго сообраќајот. Треба да се купат најмалку пет електрични локомотиви, истана заменик претседателот Николоски.

Во однос на крупните инвестици во железницата, тој додаде дека во финална фаза е изградбата на првата линија од Градски воз, а очекува оваа година да се распише и тенедерот за изградба на втората линија од Илинден до Новата железничка станица како и третата линија од Ѓорче Петров до Новата железничка станица и истите да бидат завршени до крајот на 2027 година или првата половина на 2028 година.

-Ако на тоа се додадат исклучително сериозните инвестиции кои што ги правиме заедно со ЈП Железница Инфраструктура, тогаш е јасна визијата на Владата дека сакаме комплетна промена на железничкиот сообраќај во државата. Првата делница од пругата, односно железничкото поврзување со Бугарија беше готова минатиот јануари и заеднички ја ставивме во функција. На втората активно се работи и се надевам дека по потпишувањето на анексот за продолжување на рокот, тоа ќе биде финалниот рок со којшто ќе се заврши втората фаза. Исто така, во постапка на избор сме на изведувач за третата фаза – имено, тендерот за надзор е веќе објавен и претквалификацијата тече, а очекуваме за многу скоро време да биде објавен и тендерот за изградба, рече Николоски.

Тој додаде дека во рамки на Планот за раст се работи и на западното крило на Коридорот 8.

-Првично тоа би било Скопје -Јегуновце – Тетово – Гостивар, втора фаза Гостивар – Кичево и трета фаза од Кичево до Охрид, Струга и поврзување со Албанија. Ако на тоа се додаде и брзата пруга на Коридорот 10, за која што веќе ги финализираме документите, тогаш е јасно дека имаме една визија за целосна трансформација на Железницатa, се обрати заменик пртеседателот Николоски.

​Тој се заблагодари на Светска банка за грант средствата и за континуираната подршка за Македонија.

Најнови вести од: Бизнис

„Тинекс“ преку партнер во Косово ќе ја враќа ликвидноста на компанијата

Компанијата информираше дека менаџментот активно работи на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на состојбата, при што, како што беше објавено, поддршка има од банките и клучните деловни партнери.

(Фото): Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јули

Акцијата на Аутомакедонија АД Скопје бележи најголем раст во јули, покажува билтенот на Македонската берза за тој период. Акцијата на ТТК Банка АД Скопје пак има најголем пад. Во продолжение целосно и другите акции со најголем раст и пад за јулскиот период.

(Фото): Инфлацијата во Македонија во јули забави на 2,3 проценти

Индексот на трошоците на животот во јули 2026 во однос на јули 2025 , бележи зголемување од 2,3 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Станува збор за благо забавување на инфлацијата ако се земе предвид дека во јуни годишната стапка на инфлација изнесуваше 3,4 проценти.

„Тинекс“ основаше фирма-ќерка и ги префрли маркетите како подружници, дали ќе одат на продажба?!

Како подружници кај „Тинекс Маркет“ се регистрирани 44 дисконти и маркети, меѓу кои и оние под брендот „Деликатес“, „Конто“ и „Супер“, како и магацинот за пакување и погоните за месо.и подготовка на готвени јадења. Префрлен е и центарот за логистика, односно за складирање стока во Петровец.

Македонското рударство продолжува да тоне, иако има на располагање големи инвестиции

Долг период рударството во Македонија нема забележано значителен раст, а четирите металични рудници кои функционираат полека ги исцрпуваат своите капацитети. Од друга страна, повеќе од 40 години се нема реализирано ниту една голема инвестиција во оваа гранка, а во моментов единствена сериозна најава има за проектот за рудник за бакар во Иловица.

To top