Бизнис

Ново поскапување на угостителските објекти, станува ли кафеаната луксуз?!

Цените во угостителството, по групи, во август 2025 година во однос на јули 2025 година се зголемени кај групата Алкохолни пијалаци за 1,3 % и групата Безалкохолни пијалаци за 0,1 %, додека кај групите Храна и Ноќевања не се забележани промени.

Цените на угостителските услуги во август 2025 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 4,9 %. Цените на угостителските услуги во август 2025 година се зголемени за 0.1 % во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – август 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5,3 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1,8 %.

Цените на храната во угостителските објекти во август 2025 година во однос на август 2024 година се повисоки за 7,8 отсто, на алкохолните пијалоци за 9,4 отсто и на безалкохолните пијалоци за 6,2 отсто. Цените за ноќевања во истиот месец се намалени за 6,6 отсто.

Цените во угостителството, по групи, во август 2025 година во однос на јули 2025 година се зголемени кај групата Алкохолни пијалаци за 1,3 % и групата Безалкохолни пијалаци за 0,1 %, додека кај групите Храна и Ноќевања не се забележани промени.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top