Бизнис

Предлог-буџетот на Пленарна – тој е инструмент за реални политики и за економски раст, вели министерката за финансии

Повеќе пари за пензии и плати во јавниот сектор носи новиот буџет како и зголемување на капиталните инвестиции вели министерката за финансии која најавува и над 40 милијарди денари за инфраструктура, енергетика, железница, земјоделство, образование и здравство, со фокус на коридорите, енергетските капацитети и нови производствени погони.

Буџетот за 2026 година е развоен, реален и одговорен, предвидени се пари за се – за економски раст, за поттик на инвестиции, за нова вредност, за подобри можности и подобар животен стандард на граѓаните. Вака министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, го образложи буџетот пред пратениците. Со него се продолжува со макроекономската стабилност, фискалната консолидација, како и пари за сервисирање на сите обврски вкучително и исплаќање на еврообврзницата. Економскиот раст за в година се очекува да порасне на 3,8%, а инфлацијата да падне на 2,5%.

Денеска започна расправата која ќе трае пет дена, за истиот да се донесе до крајот на годинава.

  • Буџетот е изготвен врз основа на постигнатите економски резултати и очекувањата за продолжување на позитивните трендови. Водевме сметка за реалноста во проекциите, економичноста и ефективноста во планирањето, со цел да обезбедиме стабилен развој, редовно функционирање на институциите и навремена исплата на сите обврски. Овој Буџет не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност, доверба и развој. Јасна потврда за одговорното управување со јавните финансии кое го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет, рече министерката за финансии. 

Од опозицијата со критика дека ова е буџет кој не ги задоволува потребите на државата.

Со Предлогот, рече таа, особен акцент е ставен на подобра наплата на сопствените приходи од страна на буџетските корисници, рационално користење на јавните средства, како и навремено и реално планирање на капиталните расходи. Системот на субвенции и социјални трансфери ќе биде редизајниран со построги критериуми за да се обезбеди целисходна распределба, додека фискалната дисциплина, транспарентноста и дигитализацијата на процесите ќе обезбедат поефикасни и поквалитетни јавни услуги, најави министерката за финансии, најави министерката за финансии. 

Во државната каса ќе се слеат повеќе пари од данок на личен доход за 8,7%. Најголем пораст ќе има кај приходите од данокот на добивка од над 14%. Од ДДВ во државната каса ќе се инкасираат 1,5 милијарди евра. Од социјални придонеси на граѓаните ќе се наплатат 1,98 милијарди евра.

Повеќе пари за плати и пензии, а помаку за социјални надоместоци. Со новото прекројување на државната каса ќе се градат патишта, болници, училишта. Ова е до сега најтежок буџет од 6,7 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5% од БДП или 637 милиони евра. Капиталните инвестиции се проектирани на 660 милиони евра. За покривање на долгот, планирани се околу 1,7 милијарди евра, од кои 950 милиони преку еврообврзница.

 

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top