Бизнис

Продолжува повратот на пари од мерката „Мој ДДВ“, деновиве треба да се исплатат сите

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува, односно не е прекинат, ниту откажан.

Управата за јавни приходи прави напор за да легнат парите кај граѓаните од „МојДДВ“. Велат дека исплатата треба да заврши оваа недела, но можеби ќе се пролонгира и следната. Законскиот рок за поврат на ДДВ кај лицата кои скенираат фисклани сметки истече пред два дена.

  • „Во процесот на исплата кај некои од спецификациите се појави технички проблем, кој бара нивна целосна преработка. Имено, доколку постои дури и само еден налог, каде што се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, целата пратка системски се враќа и средствата не се исплаќаат кон сите корисници што се во ист налог како и корисникот што извршил промена. Овој предизвик е веќе идентификуван и надлежните служби работат на негово надминување. Целта е да се обезбеди точна и правична исплата за сите граѓани, без исклучок“.

Од Управата појаснуваат дека исплатата за корисниците со валидни и потврдени податоци е во тек, а за преостанатите ќе биде реализирана веднаш по завршување на техничката преработка.

За доцнењето, од Управата информираа дека станува збор за технички проблем, затоа што некој од корисниците сменил банка или трансакциска сметка, па целата пратка системски се враќала и парите не се исплаќале кон  корисниците кои се во ист налог.

Како најново, појаснуваат дека се изготвени налози за поврат кај над 155 илјади корисници, вредни 4,4 милиони евра, но без прецизен одговор кога ќе заврши исплатата.

  • Останува симболичен износ кој може да се појави како разлика доколку некој од налозите не биде успешно реализиран поради неточни податоци односно порди корисник кој нема точни податоци во системот на УЈП. Исплатата е во тек. Средства во буџетот има и нема место за сомнежи или било каков страв дека нема да ги добијат средствата за скенирани фискални сметки.

За третиот квартал фисклани сметки скенирале  над 515 илјади корисници. Инаку, во последните 6 години, од кога се воведе проектот пракса беше парите да се исплаќаат до 10-ти, најдоцна до 15-ти  по истекот на 60 дена од завршување на кварталот од годината.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top