Бизнис

Ристески: Голем интерес за грантовите за отворање на сопствен бизнис во Пелагонискиот регион

Ристески го искажа своето задоволство и од големиот интерес за мерката во Пелагонискиот регион, каде во Прилеп до вчера пристигнале 311, а во Битола 180 апликации.

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво-ИНОВА Даниела Димовска, како и градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски и Претседателот на Советот на Битола, Бојан Бојкоски денес ги посетија регионални канцеларии на Агенцијата за вработување во Прилеп и Битола.

За време на посетата со раководителите на регионалните канцеларии и вработените во центрите дискутираа за текот на пријавувањето за јавните повици, како и за потенцијалите предизвици со кои се соочиле и ги надминале за време на поднесувањето на пријави.

  • Денес е последниот ден на аплицирањето за јавните повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант и интересот е голем во целата држава и центрите за вработување беа преполни со заинтересирани граѓани. Сакам да им се заблагодарам на вработените кои овие две недели со нивната професионалност и посветеност на работата беа на ниво на задачата, успешно  се справија со сите предизвици и излегоа во пресрет на сите граѓани – кажа заменик-министерот Ристески.

Тој потенцираше дека интересот е многу висок за трите јавни повици и дека пред почетокот на последниот ден од аплицирањето на државно ниво надмината е бројката од 5.000 лица.

  • По историски големиот интерес минатата година, како и пристигнатите над 5.000 апликации досега, се потврдува исправноста на нашата одлука за зголемување на обемот на средствата од Оперативниот план за оваа мерка и проширување на опфатот за дополнителни 300 лица. Исклучително сум задоволем од бројот на апликации, кои само потврдуваат дека нашите граѓани сакаат да работат, сакаат да имаат сопствен бизнис и имаат одлични и иновативни идеи – додаде Ристески.

Ристески го искажа своето задоволство и од големиот интерес за мерката во Пелагонискиот регион, каде во Прилеп до вчера пристигнале 311, а во Битола 180 апликации.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top