Бизнис

ССМ најавува блокади од следната недела

Од ССМ го повикаа претставникот на Владата в понеделник да дојде и да го потпишат колективниот договор за работниците да земат поголеми плати уште од идниот месец.

Сојузот на синдикатите на Македонија најавува дека од следната недела ќе почнат со блокади. Во време кога се очекуваше да седнат и разговараат со работодавачите за минималната плата тие одлучиле како приви да бидат блокирани пратениците во Собранието.

  • „Законот го чуваат во фиока и не сакаат да ги зголемат платите”, изјави првиот синдикалец Слободан Трендафилов.

Тој воено го повикува премиерот Мицкоски на средба во понеделник со цел да се потпише Колективниот договор кој би донел зголемување на платите за административните службеници и пораст на минималната плата уште од февруари годинава, наместо по две години.

Од друга страна премиерот Мицкоски неколку пати кажа дека Владата ќе поддржи и примени решение доколку работниците и работодавачите постигнат договор.

  • „Понудивме и зголемување на платите на административните службеници за околу 40%. ССМ го одби покачувањето. За минималната плата мора да постапуваме според законот”, напиша Мицкоски на „Фејсбук”. Тој посочи дека понудената опција за 40% раст на платите сè уште е „на маса”.

Исто така, од ССМ најавија дека останува и одлуката за организирање 24-часовен генерален штрајк која е донесена од страна на највисоките тела на Синдикатот. За генералниот штрајк, Трендафилов рече дека ќе трае 24 часа, а сите работници што ќе излезат ќе бидат заштитени.

Најнови вести од: Бизнис

Македонија лани беше во првите пет во Европа на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни, рече премиерот

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Ора 24, зборувајќи за изградбата на коридорите 8 и 10Д и за другите инвестиции и во релација со економијата посочи на факти за раст на БДП, според кои и 2024 и 2025 година Македонија е во првите 5 во Европа според растот на БДП, за разлика од минатата влада кога Македонија по овој параметар беше последна во регионот.

Азески на состанок на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана

Азески, како член на Советодавниот одбор, тело составено од истакнати бизнис-лидери, експерти и професори, зеде активно учество во дискусијата на денешниот состанок  посветена на  долгорочната стратегија на институцијата и предизвиците околу наставните методи на учење во новата ера кога интензивно се користи вештачката интелигенција, која треба паметно да се искористи во насока на унапредување, а не на уназадување на аналитичкото и критичкото размислување на младите генерации дипломци и постдипломци.

Колку работниците ќе излезат на улица на толку ќе им ги зголемат платите, велат од ССМ

Сите патишта водат кон Скопје, рече претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафило и ги повика работниците од целата држава да се приклучат на протест во Скопје за повисоки плати и подобар работнички стандард. Големиот работнички протест, како што рече почнува во 12:05 минути пред зградата на ССМ, а барањата остануваат исти – минимална плата од 600 евра и зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари.

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А–интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

При подготовката на апликацијата за продолжување на дозволата, компанијата во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти и соработува со сите надлежните институции

Нафта скокна над 100 долари за барел, се стравува од нов шок

Цената на нафтата од ноќеска повторно се искачи над 100 долари за барел, неколку дена откако го достигнаа максимумот. Од бизнис еснафот стравуваат од можни ценовни шокови, односно ако кризата продолжи, тоа ќе влијае врз глобалните залихи на гориво.

To top