Бизнис

(Видео): Минималната плата се зголемува, исплатата од април, најави премиерот

Минималната плата ќе се зголеми согласно закон и повисоките примања ќе почнат да се исплаќаат од април, најави премиерот Христијан Мицкоски на седницата на Економско-социјален совет.

Минималната плата се зголемува согласно закон, повисоките мартовски примања граѓаните ќе ги добијат во април, најави премиерот Христијан Мицкоски на седницата на Економско-социјален совет.Тој рече дека Владата регулирала 95% од односите со синдикатите преку колективни договори со рок на реализација до 2028 година, нагласувајќи дека не презема обврски што би важеле по истекот на мандатот.

  • „Се однесуваме одговорно во рамките на мандатот што сме го добиле од граѓаните и не преземаме обврски за период по 2028 година“, изјави премиерот, додавајќи дека актуелната Влада има обврска да ги решава, како што рече, наталожените проблеми од минатото.

Тој потсети дека во изминатиот период бил постигнат договор со синдикатите УПОЗ и САДУ за повисоки плати во администрацијата, а во процесот биле вклучени и други синдикални организации кои првично не учествувале во преговорите. Премиерот изрази очекување дека ќе продолжи и ќе се интензивира бипартитниот дијалог меѓу работодавачите и работниците, нагласувајќи дека институционалниот дијалог е единствениот начин за изнаоѓање конструктивни решенија.

  • „Вон-институционални механизми постојат, но искуството покажува дека решенијата се носат во рамките на институциите“, порача Мицкоски, додавајќи дека Владата останува отворена за соработка во рамките на своите надлежности.

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Седница на Економско-социјален совет заврши без епилог со синдикатите. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов протестно ја напушти седницата.

Според официјалните податоци, просечната исплатена нето плата пораснала за 9,6%, а индексот на трошоците за живот бележи пораст од 4,1%.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top