Бизнис

Во јануари 2026. ќе се издаде еврообврзницата, планирано е да се соберат 950 милиони евра

Министерката за финансии вели дека е планирано преку издавањето на новата еврообврзница да се обезбедат околу 950 милиони евра, од кои 700 милиони евра ќе бидат наменети за рефинансирање на еврооврзницата издадена во 2020-та, додека преостанатите 250 милиони евра ќе бидат искористени за буџетско финансирање, како и секоја година.

Министерството за финансии планира да издаде еврообврзница на меѓународниот пазар во текот на јануари 2026 година. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, вели дека е планирано преку издавањето на новата еврообврзница да се обезбедат околу 950 милиони евра, од кои 700 милиони евра ќе бидат наменети за рефинансирање на еврооврзницата издадена во 2020 година, додека преостанатите 250 милиони евра ќе бидат искористени за буџетско финансирање, како и секоја година.

Министерството за финансии и Владата нема да отстапат од предвидените проекции во Фискалната стратегија и Стратегијата за управување со државниот долг. Најавеното задолжување на интернационалниот пазар преку емисија на нова еврообврзница е внимателно испланирано и е во рамките на поставените цели за одржување на стабилноста на јавниот долг, навремено подмирување на обврските и обезбедување на финансиски средства за буџетски потреби, изјави министерката за финансии Димитриеска-Кочоска.

Таа, во гостување на ТВ 21, нагласи дека нивната цел е да настапат на светските пазари и да ја издадат еврообврзницата во најсоодветен момент.

  • “Во таа насока, за време на престојот во САД, на есенските средби на Светска банка и ММФ, имам договорено средби со потенцијални инвеститори”, рече таа. “Можам да истакнам дека ова е една од приоритетните активности на Министерството за финансии во моментот”, подвлече министерката за финансии.

Димитриеска-Кочоска додаде дека процедурата за издавање на еврообврзницата е веќе иницирана и дека планот е да се појават на меѓународниот пазар во јануари и да се емитува еврообврзницата.

  • “Планирано е да се обезбедат 950 милиони евра преку издавање нова еврообврзница. Од тоа 700 милиони евра ќе бидат наменети за рефинансирање на Еврооврзницата издадена во 2020 година, додека преостанатите 250 милиони евра ќе бидат искористени за буџетско финансирање, како и секоја година. Односно, планирано е буџетскиот дефицит да се финансира делумно преку домашниот пазар, а делумно преку надворешно финансирање, односно со издавање еврообврзница”, објасни министерката.

Осврнувајќи се на планираните проекции на нивото на јавниот долг согласно Стратегијата, таа посочи дека Владата нема намера да ги промени плановите предвидени со Фискалната стратегија, но дека секако треба да се земе предвид како ќе се одвиваат работите во иднина.

“Заклучно со јуни 2025 година јавниот долг е на ниво од 58,5% од БДП, најновиот податок кој го имаме во Министерството за финансии заклучно со јули покажува ниво од 58,7% од БДП. Доколку продолжиме со ваквата динамика и доколку економијата се одвива според очекувањата, можно е во 2025 година да не го достигнеме проектираниот јавен долг од 62,1%, туку тој да биде и понизок”, заклучи Димитриеска-Кочоска.

Во март 2021 беше земена осмата еврообврзница од 700 милиони евра, со рок од седум години и камата од 1,625 проценти. Деветтата еврообврзница беше издадена во февруари 2023 година, на износ од 600 милиони евра.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top