Хроника

Краделе маси и столици од кумановски локал!?

Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишникот во разговорот го признале делото

Полициски службеници од СВР Куманово извршиле службен разговор со четири лица од Куманово, кои се сомничат дека од угостителски објект на улицата Гоце Делчев одзеле поголем број маси и столови.

Настанот се слиучил во четвртокот вечерта а од МВР сооптоја:

Вчера во периодот од 11:00 до 13:00 часот во СВР Куманово, полициски службеници извршија службен разговор со Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишник, сите од Куманово. Тие се сомничат дека, со употреба на сила влегле во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово и одзеле поголем број маси и столови. Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишникот во разговорот го признале делото“.

Од МВР посочуваат дека одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот и најавуваат дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top