Хроника

Македонски државјанин „падна“ во Солун како дел од меѓународна акција во тек

Лишен од слобода и државјанин на Косово, во приколка на товарно возило им биле најдени и запленети 324 кг марихуана

„Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група, која Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, ја реализира во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во рамките на меѓународната соработка со надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога од Косово и Грција.

Како резултат на повеќемесечната координирана истрага, денеска во Солун се лишени од слобода еден македонски и еден косовски државјанин. При контрола на товарно моторно возило, во приколка биле пронајдени и запленети 324 килограми наркотична дрога марихуана, скриени во осум палети со хартија.

Во рамки на акцијата, Одделот за криминалистичка полиција заедно со повеќе сектори за внатрешни работи врши претреси на повеќе локации на територијата на државата, со цел откривање на евентуално инволвирани други лица и обезбедување на дополнителни докази и предмети поврзани со кривичното дело“, информира МВР.

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

Јанев од БЈБ за акцијата во Куманово: Пронајдени пари и докази за криминал од 2021

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев соопшти дека пет лица ќе бидат опфатени со кривична пријава по големата полициска акција во Куманово, во која беше уапсен Драган Петровски, познат како Штука.

Во полициската акција во Куманово против група поврзана со лихварство, изнуда и перење пари уапсен Драган Петровски – Штука, осомничен како нејзин организатор

Во претреси на повеќе локации, припадници на специјалните полициски единици и истражители бараа докази поврзани со група за која постојат сомневања дека подолг период дејствувала во Куманово и околината. Неофицијално, групата се поврзува со изнуда, лихварство и перење пари.

Учество на МВР на РМ во акција на американската ДЕА и германските служби: Запленети повеќе од 300 килограми кокаин вредни 20 милиони евра

По размената на информации од страна на Одделот за криминалистичка полиција при македонското МВР и службата за борба против дрога на САД (ДЕА) германската полиција заплени над 300 кг кокаин. Дрогата била скриена во товарен контејнер со банани, кој од Еквадор допатувал на пристаниште во Холандија, а од таму стигнал до Германија.

To top