Хроника

Викендов што помина над 1.000 казнети, приведени 42 возачи, одземени 12 возила

За само два дена биле издадени вкупно 1.198 платни налози, а најголем дел од казните, дури 465, се однесуваат на возачи кои ја надминале дозволената брзина

Во акциите на сообраќајната полиција, во изминатите два дена викенд, биле лишени од слобода 42 лица поради безобѕирно управување со возило.

Од нив, осум возеле под дејство на алкохол, 20 управувале без возачка дозвола, а едно лице седнало зад волан и покрај претходно изречена забрана.

Полицијата одзела и 13 возила согласно Кривичниот законик.

Покрај тоа, евидентирани се 173 прекршоци за неправилно паркирање, како и 40 санкции за возење под дејство на алкохол.

Уште 112 учесници во сообраќајот биле санкционирани затоа што не користеле сигурносен појас. Од сообраќај биле отстранети и 20 нерегистрирани возила, како и четири поради техничка неисправност.

Од полицијата најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредните денови со цел да се намали бројот на сообраќајни несреќи и да се зголеми безбедноста на патиштата.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

To top