Хроника

Во Грција уапсен македонски државјанин баран со европска потерница од италијанските власти

На Евзони уапсен македонски државјанин, го барале во Италија

При влез во Грција, на граничниот премин Евзони, во саботата бил уапсен 46-годишен македонски државјанин по кој италијанските власти имале распишано европска потерница поради случај поврзан со трговија со дрога во 2007 година, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според државната новинска агенција АНА-МПА, преку европската потерница италијанските власти бараат екстрадирање на 46-годишниот со цел да ја издржи казната што му била изречена за трговија со 35 килограми кокаин, а делото наводно било извршено во 2007 година, кога дрогата преку Шпанија стигнала до Неапол.

Уапсениот се очекува да биде изведен пред надлежното обвинителство во Солун, за да се спроведе потерницата и да започнат постапките за негово екстрадирање во Италија.

Најнови вести од: Хроника

Приведен еден осомничен за убиството кај Смилковско езеро!

Eдно лице било приведено во рамки на истрагата за убиството кое викендов се случи кај Смилковското Езеро во близина на Скопје кога 38-годишен маж искрвари до смрт откако бил застрелан во нога, дознава Телма ТВ.

Двајца малолетници во Тетово натепале врсник, оти одбил да им го даде својот тротинет – претходно му се заканувале и му барале пари

Малолетник бил мета на закани и барања за пари од две други малолетни лица во Тетово. Како што информираат од МВР, вчера во СВР Тетово 43-годишна жена пријавила дека подолг период две малолетни лица му се заканувале на нејзиниот син и барале пари од него. Последниот инцидент се случил пред два дена на Градскиот плоштад […]

Тетовчанка пријавила долгогодишно семејно насилство и закани со оружје од нејзиниот сопруг, кој е уапсен!

Четириесетгодишен маж од Тетово е уапсен откако неговата сопруга пријавила дека подолг временски период била жртва на физичко насилство и закани со огнено оружје.

To top