Македонија

Ахмети тврди дека ДУИ и НАИ се „победници во првиот круг на локалните избори“ и пак бара предвремени парламентарни избори

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја нарече коалицијата Вреди „Здружение Газиместан“, асоцирајќи дека била, според него „губитничка политиката“ на Вреди, како што била и политиката на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, познат по неговиот говор на Газиместан во Косово во 90-тите години од минатиот век. Но, Али Ахмети со својот „триумфалистички настап“ денес само ги игнорираше многубројните оценки на независни политички аналитичари не само од Македонија, туку и од сиот Балкан, дека оној, што претрпел пораз и тоа „историски“ е токму тој, со укажувања дека и навистина треба да се повлече од политиката.

Дали навистина Али Ахмети „сериозно размислува да се повлече од политиката по вториот круг на изборите“, или сѐ ќе стори да го одложи „политичкото пензионирање“?!

Веќе денешната седница на Централното претседателство на ДУИ, која ја свика Ахмети, ќе покаже во која насока ќе се движат неговите натамошни потези, откако тој и ДУИ доживеаја тежок пораз во првиот круг на локалните избори: дали конечно ќе го прифати „решението“ за „заминување во политичка пензија“, кое му го „напишаа“ гласачите-Албанци во Македонија на 19 октомври, или ќе се обиде да остане барем уште некое време на политичката сцена?

To top