Ребалансот на буџет оди во Влада – повеќе пари за инфраструктура, помалку за тековни трошоци
Ребалансот на буџетот оди на владина седница, ќе има зголемување на буџетскиот дефицит, најави Димитриеска-Кочоска. Повеќе пари за патишта, железници и инфраструктурни проекти, а помалку за нови вработувања и тековни трошоци. Во Владата ќе се разгледува новото прекројување на државната каса, а министерката за финансии уверува дека повеќе пари ќе бидат насочени кон проекти што треба да го поттикнат економскиот развој и да ја забрзаат реализацијата на капиталните инвестиции.