Свет

Москва: Украина да се повлече од анектираните руски области

Русија постави строги услови за прекин на огнот во Украина, вклучувајќи повлекување на украинските сили од окупираните територии и откажување од финансиски побарувања., објави агенцијата Блумберг. Според информациите, руската делегација, предводена од Владимир Медински, ја повикала Украина да прифати трајна неутралност, што исклучува присуство на странски трупи и оружје за масовно уништување на нејзина територија. […]

Кој е автор на фотографијата која стана симбол на воените злосторства?

Фондацијата „World Press Photo “ повеќе не е сигурна кој е автор на фотографијата „Напалм девојче“, шокантна снимка направена за време на Виетнамската војна, која стана симбол на воените злосторства низ целиот свет. „Ворлд прес фото“ објави дека името на фотографот нема да биде објавено додека не се разјасни случајот. Фотографијата од 1972 година, со […]

Пратеник сакал да скокне од словенечкиот парламент – го премислија (ВИДЕО)

Андреј Хоивик, претеник на опозициската Словенечка демократска партија (СДС), вчера се качи на покривот на зградата на словенечкиот парламент во Љубљана, заканувајќи се дека ќе скокне од покривот. Полицијата, пожарникарите и амбулантните возила брзо пристигнаа на местото на настанот и – го премислија. Пожарникарите поставија скали, а по неколку минути Хоивик се согласи да слезе […]

Протестна нота од Софија за „сквернаење“ на бугарските национални симболи

Министерството за надворешни работи (МНР) ѝ врачи протестна нота на амбасадорката на Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, објави Њуз.бг. „Причината е уште едно сквернавење на бугарските национални симболи во РСМ. Ваквите постапки се категорично осудени. Со жалење се забележува дека идентични неприфатливи прекршувања се регистрирани и во претходните периоди. На 4 мај 2025 година, […]

Девет загинати во руски напад врз украински автобус

Девет лица беа убиени во утринскиот напад на руски дрон врз патнички автобус во градот Билопиљ во североисточна Украина, соопштија локалните власти. Воената администрација на регионот Суми соопшти дека уште четири лица се повредени. Лекари, полиција и други служби за итни случаи моментално се на местото на настанот. Нападот се случи само неколку часа откако […]

Русите „генерално задоволни“ од состанокот со Украинците

Москва е генерално задоволна од резултатите од состанокот со Украина и контактите ќе продолжат, изјавил шефот на руската делегација Владимир Медински по завршувањето на денешниот состанок во Истанбул, јави Анадолија. – Русија и Украина се согласија да презентираат детални предлози за прекин на огнот – додал Медински. Според агенцијата, Русија и Украина на состанокот договориле […]

Украинците огорчени по средбата во Истанбул: Русите се нереални во нивните барања

Украинската и руската делегација ги завршија своите разговори во Истанбул, откако разговараа помалку од 2 часа, објави Киев индепендент. Украински дипломатски извор изјавил за Скај њуз, пренесе Киев индепендент, дека Русија поставила „нереални“ барања кои одат „далеку од сè што било разговарано досега“. Некои од овие барања вклучуваат повлекување на украинските војници од сопствената територија […]

Заврши средбата на руската и украинската делегација во Истанбул

Во Истанбул штотуку заврши состанокот помеѓу делегациите на Русија, Турција и Украина, пренесува Спутник. Пред тоа, беа водени преговори меѓу САД, Турција и Украина. Ова се првите руско-украински преговори по 2022 година. Вашингтон изјави дека се надева дека Москва ќе прифати сеопфатен прекин на огнот.

Стармер: Путин не е сериозен за мирот

Британскиот премиер Кир Стармер денеска во Тирана изјави дека „Путин не е сериозен во врска со мирот и ги одолговлекува работите“. Страмер, кој учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, одговарајќи на новинарско прашање, изракна дека „она што го видовме вчера е уште еден доказ дека Путин не е сериозен во врска со […]

Трамп сака да се сретне со Путин

Претседателот на САД, даде изјава во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина кои моментално се одржуваат во Турција.. „Време е едноставно да го завршиме тоа. Ќе го завршиме“, рече Трамп. Тој додаде дека сака да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро – штом можат да го договорат тоа. […]

Трамп на Макрон: Да не бевме НИЕ ќе зборувавте германски

„И тие помогнаа, но без нас немаше да победат во војната. Сите ќе зборувавме германски. Го знаете тоа, нели? Без нас тие ќе зборуваа германски, можеби малку и јапонски. Ние победивме во војната. И ние сме единствените што не славеа“. Ова му го пораќа американскиот пттседатл Доналд Трам, на францускиот колега ; Емануел Макрон по […]

Емиратите најавија 1.400 милијарди долари инвестиции во САД

Претседателот на Обединетите Арапски Емирати денеска изјави дека неговата земја планира да инвестира 1,4 билиони долари во САД во текот на 10 години. Тој го пофали „силното партнерство“  под водство на американскиот претседател Доналд Трамп. Шеикот Мохамед бин Зајед го објави „планот на ОАЕ да инвестира 1,4 билиони долари во САД… во текот на следните […]

To top