Колумни

Францускиот „Манифест на македонизмот“ на Анри Барбис ја зрачи сто години вистината за самобитноста на македонскиот народ, идентитет и јазик во Европа

 „Навистина станува збор за една нација. Нација која има свој оригинален етнички карактер, свои традиции, свои стремежи, своја единствена и специфична личност.  Овој народ, на самата почва каде што се развил и опстојувал… се третира како збир на робови и злосторници.“ – има напишано големиот француски писател Анри Барбис во својата прочуена статија „Дали македонското прашање е навистина толку сложено?“ („La question macédonienne est-elle si complexe que cela?“), која е објавена во списанието „Балканска федерација“ на 1 ноември 1926 година. Во неа Барбис нагласил дека македонското население историски било вкоренето во Македонија, но му биле одземени основните национални права. Бугарите и Грците денес со фалсификати тврдат дека Македонците се „народ без историски корени“, а Барбис пред еден век јасно го кажал сосема обратното. Уште пред сто години тој зборува експлицитно за Македонците како посебна нација, а не како дел од друга балканска нација. Анри Барбис, големиот пријател на македонскиот народ, е роден на 17 мај 1873 година во Париз, а починал на 30 август 1935 година во Москва. Оваа статија е потсетување, но и чествување на неговата личност и промакедонско дело, кое одекнало силно во неговото време во срцето на интелектуална и политичка Европа и во Балканот. Но, делото на Барбис зрачи од пред еден век како своевиден француски „Манифест на македонизмот“ силно и денес во прилог на вистината за Македонија, за самобитноста на македонскиот народ, македонскиот идентитет, јазик, култура и историја.

Пишува: Свето Тоевски

 Барбис: „Македонците, коишто имаат свој автентичен посебен јазик и своја неспорна етничка оригиналност, го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци!“

Тој е еден од најпознатите европски интелектуалци од времето меѓу двете светски војни, како дел од големата низа француски и европски интелектуалци, кои јавно говореле и пишувале за македонското прашање, за постоењето на македонскиот народ и за македонскиот јазик. Барбис ги искажува своите погледи особено во контекст на политичката состојба на Балканот по Првата светска војна, поделбата на Македонија и репресиите врз македонското население во Егејска и Вардарска Македонија.

Четири години подоцна, на 28 јуни 1930 година во статијата „Поробен народ“ („Un peuple asservie“) во весникот „Монд“ блескавиот француски писател, добитник на највисоки француски државни награди за вредностите на својата литература, ќе напише: „Македонците, коишто имаат свој автентичен посебен јазик и своја неспорна етничка оригиналност, го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци. Нам ни припаѓа правото јасно и високо да протестираме против поробувањето и угнетувањето на еден народ.“

Во „Поробен народ“ францускиот писател употребува директно за Македонците оригинални француски формулации „une nation“, „langue distincte“ и „originalité ethnique“, кои во францускиот политички и интелектуален речник од тоа време имале многу силно значење и означувале: посебен народ, посебен идентитет и различен, посебен посебен јазик. Ова е еден од најдиректните француски интелектуални цитати каде што се употребуваат  формулациите „свој посебен јазик“ и „неспорна етничка оригиналност“. Тоа е јасно признавање на постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик среде интелектуална Франција и интелектуална Европа ушт пред цел еден век. Како познат пацифист и левичарски интелектуалец Барбис жестоко се спротивставувал на  националното угнетување, асимилацијата  и репресиите врз националните малцинства. Во меѓувоениот период активно се интересирал за Балканот и сметал дека македонското население е жртва на поделбата на Македонија меѓу Грција, Србија и Бугарија. 

Чествување на личноста и големото промакедонско дело на Анри Барбис по повод 153 години од неговото раѓање

Не само како француски писател и интелектуалец, туку и како општественик, Барбис се залагал силно за заштита на македонското население од тероризирање. Бил претседател на Комитетот за одбрана на жртвите од белиот терор на Балканот, со седиште во Париз. Учествувал во анкетата за теророт од ванчомихајловистите врз недолжното македонско население  и заедно со други интелектуалци испратил протестна телеграма до бугарската влада  во 1925. Во својата книга „Џелатите. Во Балканот: бел терор (еден ужасен политички процес“), објавен во 1926 година во Париз, го осудил теророт на бугарската влада на Александар Цанков во Пиринскиот дел на Македонија.

Барбис бил поврзан и имал контакти со левичарски кругови околу списанието „Балканска федерација“, каде што често се застапувало правото на самоопределување на народите на Балканот. Во тие кругови македонското прашање се претставувало како нерешено национално прашање. Ставовите на Анри Барбис се реакција на асимилаторските политики: неговите текстови содржат силна критика кон политиките на негирањето на македонскиот идентитет, особено и во Егејскиот дел на Македонија. Тој сметал дека е неправедно народ со свој македонски јазик, локална култура и историски континуитет да нема право на сопствено име и национално признавање.

Историското значење на неговите ставови е исклучително, бидејќи се изнесени од познат западноевропски интелектуалец, но и со оглед на тоа што се изнесени многу пред официјалната кодификација на македонскиот литературен јазик во 1945 година. Ставовите на Барбис претставуваат пример и потврда на фактот дека во западноевропската интелектуална јавност постоеле автори што ги признавале Македонците како посебен народ.

Делото на Барбис како соодветна порака и до Макрон денес дека не „правда за бугарските барања“, туку правда за македонските барања е потребна!

Книжевното и публицистичко творештво на Анри Барбис напишал неколку десетици романи, збирки со поезија, публицистика, биографии и политички текстови. Со противоениот роман за Првата светска војна „Оган“ стекнал светска слава и ја освоил престижната и највисока француска книжевна „Награда  Гонкур“. Посебно е за издвојување неговиот „Манифест кон интелектуалците“, познат есеј и политички повик од  1927 година, со кој ги повикува писателите, уметниците и мислителите активно да се вклучат во општествените промени и да се борат за праведност. Во оваа смисла, имајќи ја предвид борбата за праведно решавање на македонското прашање и за признавање на етничката оригиналност и самобитност на македонскиот народ со неговиот македонски јазик и идентитет, „Манифестот кон интелектуалците на “ на Анри Барбис е и денес дословно  своевиден француски „Манифест на македонизмот“. Тој француски „Манифест на македонизмот“ на Анри Барбис силно зрачи веќе сто години во Франција и пошироко среде интелектуална, но и политичка Европа како жестока негација на апсурдните бугарски, грчки и сечии други обиди за негирања на  македонскиот идентитет и јазик, на етничката и идентитетската засебност на Македонците во Балканот, Европа и светот.

Но, тој „Манифест на македонизмот“ е соодветна порака и до денешниот сонародник на Барбис, до Емануел Макрон, моментниот шеф на француската држава, кој се залага, како што рекол, за „правда за бугарските барања“, дека треба да постои правда поправо за македонските барања.

Борбата на Анри Барбис за ширењето на вистината за Македонија и Македонците среде Европа

Д-р Божидар Настев, професор по француски јазик и поранешен декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во својата статија „Анри Барбис и Македонија“ има истакнато дека Барбис во дваесеттите години на минатиот век „се ангажираше да ja каже пред светот вистината за патилата, што ги поднесуваше македонскиот народ од многубројните угнетувачи“.  „Ставајќи ги во услуга на македонскиот народ  своето перо и големиот авторитет, што го уживаше во светот како борец за правда, Анри Барбис даде голем придонес во неговата борба за општествена  и национална слобода. Публицистичкото и книжевно дело на Барбис кое се однесува на Македонија, не било досега предмет на посебни осврти и останало до голема мерка во сенка. Но не е без интерес да се знае што мислел големиот француски писател за нашата земја и со колку жар се залагал за остварување ма правата на македонскиот народ.“  – ќе нагласи починатиот професор Настев во таа статија. Во оваа смисла колумнава за Анри Барбис е прилог кон реактуелизацијата на неговото дело и неговата интелектуална и книжевна борба за Македонија, за ширењето на вистината за Македонија и  Македонците среде Европа пред повеќе од еден век.

(„Нова Македонија“)

 

 

 

Најнови вести од: Колумни

Остри реакции во Бугарија и Грција околу „спектаклот“ „Враќањето на бугарскиот цар Самуил во татковината“ (2)

Пропагандниот циркус „Враќањето на посмртните останки на бугарскиот цар Самуил во татковината Бугарија“, кој без никакво сомневање има за цел да го поттикне создавањето на „заедничката историја на Македонија со Бугарија“, односно бугаризирањето на автентичната македонска национална историја, наидува на негативни и критички реакции токму во Бугарија и Грција – двете држави, кои го приредуваат овој „спектакл“ и „лошососедско“ политичко поигрување со сѐ уште научно непотврдените мошти – дали и навистина му припаѓаат на инаку македонскиот цар Самуил.

Пропагандниот циркус „Враќање на моштите на бугарскиот цар Самуил“ на Радев, Каракачанов, Јотова – пренасочување на вниманието на јавноста (1)

На 23 дена до одржувањето на изборите за нов претседател на Бугарија бугарските политичари, предводени од сѐ помалку популарниот премиер Румен Радев, организираат пропаганден циркус „Враќање на коските на бугарскиот владетел Самоил во татковината“. Во бугарската јавност и меѓу тамошни експерти ова наидува на тешка иронија, остри критики и коментари дека е „уште една бугарска трагикомедија“, „операција заради одвлекување на вниманието на гневната јавност и населението од економските неуспеси на владата и Радев лично“, но и како „предизборна пропаганда“ и „претстава за јавноста“ во екот на предизборната кампања спроти изборите за нов шеф на бугарската држава, закажани за 25 октомври 2026 година. Во бугарската јавност и на тамошните општествени мрежи веќе кружат негативни и зајадливи коментари во стилот „бугарскиот народ гладува и нема пари за леб и да плаќа сметки, а власта прави циркуси со коски“, „народот сака да купи месо без коски, а тие нам ни нудат коски, кои се за во музеј“ и „покрај коските, кога ќе му го земете и духот на Самоил, кога ќе го донесете и него во Бугарија“?!

Заветот на Анте Поповски до Македонците да ги зачуваат Македонија и македонскиoт јазик и неговите пораки до Европа

„Јазикот на еден народ е негов златен штит, негова татковина и најголема духовна вредност. Пеев уверен дека она што го пеам на ниеден друг јазик не може да се испее освен на јазикот на големата судбина на Македонците. Тие, чија адреса е запишана во Библијата, кријат некоја тајна за иднината на светот: зашто тие се сеќавање на свеста, на вековите кои одминале. Оган – кој не згаснува.“ – има напишано за македонскиот јазик и народ великиот поет на македонската кауза Анте Поповски. Тој почина на денешен ден, на 1 октомври 2003 година. Оваа 23-та годишнина од неговата смрт е соодветен повод за ново навраќање кон творештвото на овој волшебник на македонската поетска реч и кон неговите вонвременски пораки, кои еднакво силно одекнуваат и денес

Мисирков: Македонците да имаат македонско гледиште, одделувајќи ги своите интереси од интересите на Бугарија – „лошиот демон за Македонија“!

„Бугарската надворешна политика е главниот извор на сите наши несреќи. Затоа не може и да се зборува за некакви арнотии од Бугарија за Македонија. … Македонци! Време е да се убедиме оти лошиот демон за Македонија не е никој друг освен Бугарија. Ете зошто треба час поскоро да си ги одделиме нашите интереси од бугарските..“ – нагласува авторот на „За македонцките работи“ Крсте Мисирков во својот реферат со наслов „Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?“, кој го изнесува на денешен ден, на 28 септември 1903 година во Македонското научно-литературно другарство „Св. Климент“ во Санкт Петербург (тогаш Петроград). Тогаш идеологот на македонизмот Крсте Мисирков најдиректно ја формулирал идејата дека македонското прашање мора да има сопствен македонски глас. Истапувајќи на денешен ден пред 123 години како национален мислител од највисок ранг тој се залага Македонија да не биде предмет на туѓи политики, а Македонците сами да ја одредуваат сопствената национална и политичка позиција на Балканот – вонвременски завет и предупредување од исклучително значење во ова „евроинтеграциско време-невреме“ за македонскиот народ.

За Лант е „глупаво прогласувањето на македонскиот како бугарски јазик“ – дали Костадинов го стори тоа како кандидат за претседател на Бугарија?!

„Бугарските научници, кои тврдат дека концептот на македонскиот јазик бил непознат пред Втората светска војна, или кои продолжуваат да тврдат дека македонскиот јазик не постои, изгледаат не само нечесно, туку и смешно и глупаво! Грчките  научници, кои изнесуваат слични тврдења, покажуваат арогантно незнаење за своите словенски соседи!“ – има констатирано авторот на „Граматиката на македонскиот книжевен јазик“ американскиот славист Хорас Лант во научна статија во 1984 година реагирајќи на постојаните негирање на постоењето и самобитноста на македонскиот јазик. Лант е роден на 12 септември 1918, а починал на 11 август 2010 година. Навршувањето на 108-та годишнина од раѓањето на овој светски признат лингвист е повод да се осврнеме од гледна точка на неговите македонистички истражувања на политичкиот театар, кој го приреди во бугарскиот парламент Костадин Костадинов, лидерот на бугарската ултрадесничарска и националистичка партија „Преродба“. Како пратеник Костадинов поднесе иницијатива македонскиот јазик да биде прогласен и да биде третиран како бугарски јазик. Кажаното од Лант важи денес во целосна мера и за Костадинов: нечесна е и смешна и глупава оваа негова иницијатива за јазикот, кој сиот научен свет го познава и го признава како македонски јазик – идентитетски столб на македонскиот народ.

Писмо од Егејска Македонија од 10.9.1862 против денешните грчки негирања: „Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!“ (2)

„Ќе ти пишувам почесто, ама не знам по бугарски, нашите луѓе овде не знаат бугарски. Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!““  – пишува во писмо, кој го испратил Македонец од Ениџе Вардар, од Егејска Македонија, на 10 септември 1862 година. Јазикот на Македонците во Егејскиот, или Беломорскиот дел на Македонија, не бил бугарскиот, туку македонскиот, или како што стои во оригиналот „мачедонски език“. Ова е многу убедлив доказ и изворно сведоштво, што ги побива сите досегашни и најнови грчки негирања и фалсификати дека „никогаш се говорел македонски јазик на грчката територија“. Но, исто така, и многубројните научни аргументи и докази на врвни светски лингвисти за посебноста на македонскиот јазик и неговата застапеност на сите делови на некогашна етнојазична, неподелена Македонија, претставуваат научен бедем, пред кој се уриваат и стануваат бесмислени досегашните и најновите грчки и сечии други шовинистички негирања на постоењето на мајчиниот јазик на македонскиот народ, но и неговото прикажување како наводна „вештачка творба“, како „измислен јазик“.

Овчарани 2026 ги „разбуди“ духот на Метаксас и грчкиот шовинизам за „измислениот“ македонски јазик и Македонците како „ѓубриња на Балканот“! (1)

Грчката националистичка страница „Грција со висока дефиниција“ на општествената мрежа објави текст за „Контроверзното видео од Мелити“, односно од годинашниов фестивал на македонски ора и песни во Овчарани (на грчки: Мелити). По таа објава во изминативе 48 часа, на 9 и 10 септември, уследи силен бран од реакции на Грци со тешки навреди, пцости, омраза, омаловажувања и негаторски квалификации кон македонскиот народ и јазик, како и кон Република Македонија како држава Македонија.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

To top