Колумни

Ацо Шопов и неговиот тестаментален „завет кон татковината Македонија и слободата како многу поголеми од сопствениот живот“

Денеска, на 20 април, 2026 година се навршуваат 44 години од смртта на Ацо Шопов, на великиот поет на македонските борби и страданија, на македонските стремежи и идеали. Ова е нова пригода за осврнување, но и за соодветно чествување на неговата личност и неговото творештво како еден од основоположниците на современата македонска поезија и воопшто на современата македонска книжевност. „Од дамни дамнини расте ова дрво на сува рида без вода … но во него шуркаат сите живи сокови на светот. … Ветришта диви го сардисуваат и сеништа темни, … суши змијарници му ги смукаат корењата земни, но тоа од пркос зазеленува и расте … дрвото опстојува и останува.“ – напишал Шопов во 1980 година во својата последна песна и истоимена стихозбирка „Дрво на животот“, кое поетски го симболизира со Македонија. Во оваа бележита песна тој му оставил моќно тестаментално завештание на својот македонски народ, кое бездруго уште посилно одекнува денес: во овие мигови кога од сите страни многумина од петни сили се устремиле да ја урнисаат Македонија во бездната на непостоењето, Македонците треба да ги зачуваат „корените на македонското дрво на животот“. Дека треба да ја зачуваат и да ја извишат својата татковина на врвот на планината на постоењето, каде што опстојува дрвото на нејзиниот живот, со своите корења, длабоко проникнати во сите векови и епохи на постоењето низ историјата!

Пишува: Свето Тоевски:

Љубовта кон Македонија сеприсутна во поезијата на Ацо Шопов

Според Науме Радически, Шопов во својата поезија постојано повикува на „завет кон татковината и слободата како многу поголеми од сопствениот живот“. „Татковината е постојано присутна во секоја творечка фаза на поезијата на Шопов, од првото споменување на Македонија во збирката ‘Песна на црната жена’(1976), до последната аманетна книга ‘На врвот’.“ – – истакнуваат во својот научен труд „Каде е Македонија во поезијата на Ацо Шопов“ д-р Весна Мојсова-Чепишевска, професорка во Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, и Иван Антоновски, асистент на истиот факултет и поет и книжевен критичар.

„Млад сум, а душата ми е остарена од љубовта моја неостварена, љубовта Mакедонија!“ – ќе напише Шопов во воведната песна „Оздравување на болниот“ од стихозбирката „Дрво на ридот“ (1980), објавена две години пред неговата смрт. „Последните напишани песни, неретко се и аманети на поетите. Затоа, кога го чествуваме Ацо Шопов силно ја чувствуваме потребата да го исчитаме и да го протолкуваме неговиот (поетски) аманет.“ – дополнуваат Мојсова-Чепишевска и Антоновски во својот труд. Во споменатата воведна песна од „Дрво на ридот“ Шопов гласно извикува: „Македонија е во светот, а светот во Македонија. / Твоите очи греат ко сонце / низ твојата песна уште недопеана. На долгите патишта на светот се отсликуваше ликот на Македонија, а ликот на светот се отсликуваше во Македонија.“

Шопов ѝ пристапува со извонредни поетски слики на Македонија како тема уште во песната „Езеро на животот“ од стихозбирката „Небиднина“ (1963). „…разнишана од бури и породилна агонија / галијата плови низ бурите, ту изчезнува меѓу брановите, ту изронува од нив / со име Македонија.“ – истакнува Шопов во „Езеро на животот“. Песните на Шопов се поезија на македонската судба и опстојба, но и многу повеќе: негови поетски посланија на оптимизмот. Во „Езеро на животот“ Шопов пее за „галијата Македонија“, која иако е „разнишана од бурите“, сепак, успева да се одржува на разбрануваните води на историските премрежија.

Шопов маестрално ја „читаше“ и поетски ја толкуваше „македонската книга на животот“ цели 38 години

„За мене зборот небиднина ја изразува сета судба на нашиот народ: неговите вековни борби и страдања, стремежи и неостварени идеали, љубови и патила.“ – има кажано великиот мајстор на македонската поетска реч Ацо Шопов во 1976 година, осврнувајќи се на мотивите на неговата песна „Небиднина“ и истоимената поетска збирка, објавена во 1963 година. Истата година Шопов ќе дообјасни: „Со ‘Небиднина’ и песната ‘Гледач во пепелта’ (1970) започнува нова фаза во мојот поетски развој, во која се прави обид да се прочита ‘книгата на животот.”  Но, Ацо Шопов 38 години поправо не само што обидувал, туку и успевал маестрално да ја прочита „македонската книга на животот“ на својот народ, оставајќи по својата смрт поетско творештво од 12 стихозбирки на македонски јазик со трајни, вонвременски поетски пораки. Тие пораки носат печат и на своевидна македонска филозофија на отпор, на повик на бунт и борба против небиднината. Шопов е автор на првата стихозбирка на македонски јазик „Песни“, објавена на македонски јазик уште во 1944 година.

Саведра: Шопов отвори нови хоризонти на јазикот на македонскиот народ, кому толку долго му беше оспорувано правото да ги одразува своите чувства и мисли

„Во ‘Песни“ се наоѓаше драгоцен материјал што му отвараше нови хоризонти на поетскиот и литературен израз, пишуван со кирилица, на македонски јазик.” – забележала мексиканската поетеса Аурора Марија Саведра четириесеттина години по објавувањето на збирката, во предговорот на изборот „Гледач во пепелта“, објавена во 1987 година на шпански јазик во Мексико. „Со ‘Песни’ дотогаш кревкиот јазик на Македонците ﹣ на народот кому толку долго му беше оспорувано правото да ги одразува своите чувства и мисли, на народот чијашто пишувана литература беше ограничена во својот развој, поради многубројните странски натрапништва ﹣почна да се воздигнува и да го стекнува својот самоопределувачки профил. Служејќи се со говорот на своите предци, Ацо Шопов многу рано научи да чита во пепелта.“ – напишала Саведра во тој свој преговор.

Шопов: „Во Македонија се збиднуваат и се прекршуваат сите дилеми на светот, а светот е бремен од проблемите на Македонија“

Во 1969 година на „Змаевите детски игри“ во Нови Сад, Шопов ќе нагласи: „Доаѓам од југ, од Македонија, земја на стари паметници на културата, на црното сонце на игото и долготрајниот јарем, каде што крстот на судбината е полесен од пепелта на минатото, каде што мртвите не можат да умрат додека трае песната на живите, каде што на живите не им тежат гробовите на мртвите, туку песните што ги пеат, каде што водата извира од срцата на фреските и, заплискана од сонцето без исток и запад, повторно се влева во истите тие фрески како скаменет вез на ѕидовите на постоењето и неизбежноста. Една мисла повторно ме возбудува: колку разновидност, богатства, длабочини, колку патишта и различни судбини на една мала грутка земја, која ја чувствуваме како наша татковина, како сиот свет во мало да застанал на неа, со пркос кон себеси и кон другите“.

Во песната „Долгото доаѓање на огнот“ Ацо Шопов пишува: „Ни мртвите се мртви ни живите живи. / Крстот им беше лесен, пепелта не им е лесна. / Мртвите ќе умрат тогаш кога и нивната песна. / Не им е тежок гробот мртвите кајшто лежат. / Песните што ги пеат на живите им тежат /  И тогаш силно почувствував дека во Македонија / се збиднуваат и се прекршуваат сите дилеми на светот, / а светот е бремен од проблемите на Македонија.“

Ацо Шопов (Штип, 20 декември 1923 – Скопје, 20 април 1982) уште како гимназијалец во 1940 година станал член на СКОЈ, а во 1943 година се вклучил во антифашистичката борба, во редовите на Третата македонска ударна бригада. Во истата бригада била и неговата љубена, Вера Јоциќ, која загинала на 22 мај 1944 година. На неа Шопов ѝ ја посветил прочуената песна „Очи“.

Тој бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и негов член од основањето во 1947 година, прв претседател на Советот на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (1962 година) и член на Македонската академија на науки и уметности од нејзиното основање (1967). Ацо Шопов бил амбасадор на СФРЈ во Сенегал (1971-1975).

„Нова Македонија“

 

 

 

Најнови вести од: Колумни

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Бистришки, 1934 – Тоевски, 2026: Зошто сме ние, Македонците, одделен народ? (4)

Одговорот на тоа прашање е од огромно геополитичко значење за Македонија и македонскиот народ и денес, на почетокот на 21 век. Авторот на овој текст чини напор сега, во 2026 година, да даде свој аргументиран одговор на истото прашање, кое си го постави пред себе Васил Ивановски – Бистришки во 1934 година. Македонците се навистина посебен народ во Балканот и Европа: својата „Македонска приказна“ тие си ја пишуваа самите низ бурните епохи на својата национална историја. Во таа историја се вградени сите државотворни стремежи на македонскиот народ, на кого никој никогаш ништо не му подарил, ниту држава, ниту фалсификувана историја како на „добрите соседи“. Напротив; толку многу му одзеле, но тој стои простум и натаму наспроти бурите на (не)времињата. Македонците со својот јазик и писменост, со својата духовност и култура, со својот идентитет и историја се длабоко во темелите на европската цивилизација.

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика,  ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ добива веднаш меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески и американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик. Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

Моќната одбрана на Анатол Франс на Македонците во 1903 – европско „бетонирање“ на идентитетот наспроти бугарско-грчките оспорувања (1)

„Во Македонија турските војници и чиновници масакрираат селани и ги силуваат нивните ќерки и жени. Овие злосторства, извршени за срам на Европа, мора да бидат казнети од Европа. Загрижени сме за судбината на Ерменците и Македонците, не затоа што се христијани, туку затоа што се човечки суштества. Како гаранција за нивното спасение и заради воспоставување сеопшт мир, бараме целосно спроведување на Берлинскиот договор во однос на Ерменија и Македонија. “ – истакнал францускиот писател Анатол Франс во својот знаменит говор, одржан на 18 март 1903 година во Париз на собир, заради поддршка на Ерменија и Македонија. Со тоа уште пред 123 години во срцето на Франција и Европа овој великан на интелектуална Франција едновремено изнесува и моќна потврда на идентитетот на македонскиот народ. Но искажува и заложба за македонска државност и политичка самостојност согласно со Берлинскиот договор од 1878 година, особено во однос на Бугарија и Грција – денешните најжестоки негатори на Македонија и Македонците. Денес се навршуваат 102 години од смртта на овој бележит Француз – бескомпромисен борец и за македонската вистина среде Европа. Оваа годишнина е соодветен повод за ново навраќање кон неговото промакедонско дело, со кое тој трајно заслужува посебно место во колективното паметење на македонскиот народ. Чествувањето на Анатол Франс е чествување и на самите нас како народ со своја самобитност и македонски идентитет.

Пренесувањето на моштите на Гоце Делчев и наводните на Самуил – огледало на бугарската политика кон Македонија, од добрососедство до историски ревизионизам!

Државната и политичката свест на Бугарија за 80 години се развиваше во негативна насока: од држава, која во 1946 година официјално ја признаваше македонската национална самобитност, идентитет, држава, јазик и историја, до држава-членка на ЕУ, која денес во 2026 година практикува историски ревизионизам кон Македонија, стремежи да ја „прекрои“ нејзината автентична национална историја. Но и стремежи за бугаризирање на македонскиот идентитет и јазик. Официјална Софија денес прибегнува кон вета и блокади на македонската евроинтеграција во обид да ги оствари своите асимилаторски цели и стремежи. Двата столба на македонскиот идентитет и државност се под опсада: Цар Самоил, како македонски државотворен столб на средновековието, и Гоце Делчев, како столб на современата државност и идентитет на македонскиот народ. Toa сe двете клучни точки, кои Софија упорно се обидува да ги бугаризира. Стратегијата не е насочена само кон одделни историски периоди, туку кон целосно растурање и поништување на континуитетот на македонскиот идентитет и државотворните стремежи и традиции на македонскиот народ од минатите векови до денес.

To top