Колумни

Егејска Македонија меѓу „неважните места“ во Грција и чувство на „етничка исклученост“ кај Македонците од грчките економски политики

Концептот на „географијата на економско незадоволство“ на д-р Андрес Родригез-Позе, професор по економска географија во Лондонската школа за економија и политички науки, надополнет од други експерти и со „географија на политичко незадоволство“, во овие месеци од 2026 година е јасно видлив во редица региони и градови во Грција. Во оваа држава има зголемени територијални нееднаквости на регионите во нивниот економски развој. Кажано со терминологијата на Позе, во Грција тоа се „места кои не се важни“, „заборавени од далечните елити“ и упаднати во „развојна стапица“, што означува оневозможеност на развојот за односните региони.. Народски кажано, ваквите во значителна, или во голема мера „забаталени места“ се наоѓаат во северниот дел на Грција, во нејзините периферни, пригранични административно – управни региони Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија. Станува збор за градовите и селата во регионите на: Лерин (Флорина), Костур (Касторија) Воден (Едеса), Кукуш (Килкис), Сер (Серес), Пазар (Јаница), Саботско (Аридеа) и Драма (Драма). Дали е „случајно“, или не е, тоа што овие „неважни места“ се, поправо, Егејскиот дел на некогашната етногеографска Македонија, но и тоа што, во нив, покрај други, живее и македонско население во поголема, или помала мера?!

Пишува: Свето Тоевски

Основни елементи на „географијата на незадоволството“ во овие „развојно заборавени“ региони во Грција се и: (1) појава „оставени сами за себе“ – жителите во таквите погранични области сметаат дека нивните региони немаат иднина, чувствувајќи се игнорирани од централните власти во Атина, што доведува до негодување; (2) сериозен структурен економски пад – долгорочниот застој во традиционалните индустрии (земјоделство, мало производство) и неуспехот да се искористат новите економски трендови ги оставија овие области во „стапица за развој“, што подразбира застој во развојот; (3) чувство на „етничка исклученост“ – жителите на неразвиените региони, западнати во „развојна стапица“, меѓу кои и Македонците, не успеваат да здобијат корист од европските финансиски „политики за кохезија“, или од  националните планови за економско закрепнување, што предизвикува кај нив и чувство на „етничка исклученост“ од интегралните грчки државни економско-развојни политики. 

Врз основа на концепцијата на професорот Андрес Родригез-Позе, „географијата на незадоволството“ значително се однесува на периферните региони во северна Грција, особено во областите населени со негрчко население, односно и со Македонци.

Овие области функционираат како „места што не се важни“, карактеризирани со структурен пад, висока долгорочна невработеност и чувство на напуштеност од страна на политичките елити и централната влада. Иако растот на националниот бруто-домашен производ на Грција се предвидува да биде околу 1,8 отсто до 2 отсто за 2026 година, овој напредок е просторно нееднаков. До април 2026 година пошироката грчка економија покажува закрепнување, но значајните регионални нееднаквости опстојуваат. Притоа, споменатите погранични региони се соочуваат со акутна невработеност, што ги прави подложни на политичко разочарување.


Недостатокот на поврзаност со економскиот динамизам на големите урбани центри како Атина, или Солун, создава силно чувство на географска маргинализација, што се вклопува во моделот на Родригез-Позе за „географијата на економското незадоволство’. Малите и средни претпријатија како во Кукуш, Драма и Лерин, доживеаја значително преместување, или затворање на бизнисот, поради економската криза и повисокото оданочување во Грција во споредба со соседните земји, засилувајќи го чувството на локалниот економски пад. 

Западна Македонија, уште поконкретно Кожани и Лерин, како регион е примарен пример за индустриски пад. Регионот е под силен притисок, поради процесот на декарбонизација и затворањето на рудниците за лигнит, што доведе до трајно губење на платите во индустрискиот сектор без соодветна замена во обновливи извори. Создаден е вакуум во локалната економија, бидејќи сѐ уште не се доволни инвестициите во „зелената енергија“ Иако не е населен само со Македонци, со негрчки малцинства, од овие причини регионот на Западна Македонија е одличен пример и за „стапица за развој“: брзото укинување на производството на лигнит (јаглен) доведува до високи стапки на невработеност (на пр, 19,7 отсто во 2022 година). Брзиот премин од енергетски центар во област во економско-енергетско опаѓање поттикнува длабоко незадоволство и недоверба кон политиката на централната влада. 

Од почетокот на 2026 година, и покрај националниот тренд на одредено економско закрепнување, регионалните нееднаквости се изразени: иако Грција има корист од фондовите и инвестициите на ЕУ, „географијата на незадоволство“ опстојува на нејзината „регионална периферија“, вклучително и во регионите со негрчко население, односно и со македонско население. Ова продолжува да го поттикнува незадоволството и фрустрациите кај тоа население. Иако официјалната стапка на невработеност во Грција падна под 9 отсто, во префектурите Лерин и Костур таа останува двоцифрена, особено меѓу младите, што поттикнува дополнителна емиграција. Традиционалната индустрија за крзно во регионот на Костур и натаму страда од долгорочните санкции кон Русија и промената на глобалните трендови, оставајќи го регионот без еден од поважните извори на извозни приходи.


Најновите дискусии на грчките економски експерти (како оние од IOBE, ELIAMEP и водечките универзитетски професори), кои го применуваат концептот на д-р Андрес Родригес Позе за „географијата на незадоволството“ во грчкиот контекст, од која дали „случајно“ на удар е посебно македонското население во Егејска Македонија, во северна Грција, содржат, сериозни индикации и предупредувања. Издвојуваме и цитираме дел од тие најважни индикации и предупредувања.

(1) Грчките економски експерти за „развојната стапица“ на периферните региони велат: „Грција во 2026 се соочува со двоен парадокс: додека националниот БДП расте, регионите како Западна Македонија и делови од Централна Грција остануваат ’заглавени во развојна стапица‘. Тие не се доволно сиромашни за масовна кохезиона (финансиска помош) од фондовите на ЕУ, но не се ниту доволно динамични, за да привлечат инвестиции надвор од енергетскиот сектор.

(2) Тие експерти, инаку застапници на концепцијата на професорот Позе, во врска со „местата кои не се важни“ во Грција истакнуваат: „Заедниците во овие подрачја, кои се соочуваат и со одлив, или губење на население, чувствуваат дека ’немаат иднина‘. Тоа  поттикнува ‘опасна регионална географија на незадоволство“.

(3) Грчките економски експерти околу територијалната нееднаквост и развојните диспаритети во Грција посочуваат: „Тоа веќе не е само прашање на инфраструктура, туку на ’институционална напуштеност‘ на регионите, кои се судираат со сериозен економски пад во економската активност и во развојот. Ако грчката држава продолжи да инвестира само во Атика и Јужниот Егеј, тогаш ризикуваме запуштање на периферијата.“ 

(Авторот изнесува во колумната согледувања од сопствена економско-политиколошка анализа, кои не одразуваат ставови на ниедна политичка партија во Република Македонија, ниту на редакцијата на порталот „Експрес“)

(„Нова Македонија“

 

 

Најнови вести од: Колумни

Придонесот на Антоан Меје за светското признавање и афирмација на македонскиот јазик како белег на македонскиот идентитет уште пред 108 години!

„Дијалектите на Македонија се дел од јужнословенската група. Заправо тие не се ниту српски, ниту бугарски, особено ако се мисли на пишаниот бугарски јазик, кој се засновува врз дијалекти, доста оддалечени од македонските дијалекти.“ – нагласил Антоан Меје во својата знаменита научна студија „Јазиците во Нова Европа“, објавена во Париз во 1918 година. „Дијалекти на Македонија“ и „македонски дијалекти“ вели овој јазичар 26 години пред да биде македонскиот јазик „измислен од Тито и искован врз основа на бугарски корени“. Денес се навршуваат 160 години од раѓањето на овој врвен европски и светски јазичар. Ова е соодветен повод за ново навраќање кон неговиот научен придонес кон одбраната и афирмацијата на македонската јазична и идентитетска самобитност на европскиот континент и во светски рамки.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа дека македонскиот јазик е столб на македонскиот идентитет и сиот свој живот го бранеше тој идентитетски столб, кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на македонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за историјата на Античка Македонија со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. На 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

Македонското научно-литературно другарство од 1902 – моќниот гласник на македонската вистина во Европа и светот (1)

„Словеномакедонското национално-просветно друштво ‘Св. Кирил и Методија’ има цел да го помага духовното преродување и обединување на Македонските Словени и нивното слободно национално-битово самоопределување.“ – се наведува во член 1 на во Уставот на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД), основано на денешен ден, на 28 октомври 1902 година во тогашен Санкт Петербург, во Русија. Активностите на Македонското научно-литературно другарство на Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и другите македонски национални дејци, собрани во него, имаат огромно, немерливо значење за македонскиот народ и Македонија, бидејќи уште пред повеќе од еден век многу јасно и многу силно ги претставуваа и ги заштитуваа македонските национални и државни интереси пред агресивните балкански држави и нивните поддржувачи – големите европски сили. МНЛД им укажа на Европа и светот уште пред 122 години дека постои еден народ во Балканот со своја македонска самосвест, кој се бори за правото сам да ја кове својата судбина, без никој да господари со него. Вонвременските пораки на на ова македонско интелектуално Другарство одекнуваат со сета сила и актуелност и денес, во овие сложени геополитички и меѓународни моменти, во кои се втурнати македонскиот народ и Македонија.

To top