Колумни

Маченичката смрт на Елпида Караманди на 3.5.1942: за да ги заплашат Македонците, бугарските фашисти ја влечеа врзана за запрежна кола низ Битолско

На денешен ден, на 3 мај се навршуваат 83 години од маченичката смрт на Елпида Караманди, народната хероина на Македонија, која бугарскиот фашистички окупатор тешко ја ранил и ја фатил во борбата со Битолскиот партизански одред на 3 мај 1942 година. Таа била сосема немоќна да изврши самоубиство. Била подложена на тешки мачења. Потоа, за […]

На денешен ден, на 3 мај се навршуваат 83 години од маченичката смрт на Елпида Караманди, народната хероина на Македонија, која бугарскиот фашистички окупатор тешко ја ранил и ја фатил во борбата со Битолскиот партизански одред на 3 мај 1942 година. Таа била сосема немоќна да изврши самоубиство. Била подложена на тешки мачења. Потоа, за да го заплаши македонското население, бугарските фашисти ја влечеле врзана за запрежна кола по битолските села и ја усмртиле. Смртта на Елпида Караманди, позната под прекарите Бисера и Нада, била опеана истата година во народната песна „Нада студентката за народ загина, за народ загина – за Македонија.“

Елпида (Пида) Ставрева Караманди (Лерин, 1 јануари 1920 – Лавци, Битолско, 3 мај 1942) е македонска комунистка, учесничка во НОБ и народна хероина на Македонија од влашка народност. Родена е во влашко семејство во Лерин, Егејска Македонија. Се преселила во Битола откако мајка ѝ се премажила. Елпида во Битола завршила гимназија. Од нејзините школски другари/ки од битолската гимназија потекнуваат револуционери како што бил и Стефан Наумов – Стив. Уште во гимназијата била политички активна, се истакнувала во литературната дружина, на излети, во читање и растурање летоци, во судирите со реакционерната група на љотиќевците.

Во 1938 година Елпида Караманди заминала на студии во Белград и се приклучила кон напредното студенско движење. Меѓу напредните студенти/ки имало многу ученици на битолската гимназија, која таа ги познавала и одржувала врски со нив. Во 1939 година таа била примена во СКОЈ, после што работела поинтензивно. Била вешта во регрутирањето нови активисти од редовите на младината.

Учество во НОБ

По капитулацијата на Кралството Југославија Елпида Караманди работела на подготовките за оружена борба. Во КПЈ била примена во јуни 1941 година. Револуционерните задачи станувале тешки, опасни и барале максимална посветеност. Караманди раководи со групите во градот, ги извршувала задачите на СКОЈ и посебно по партиска линија. Нејзината партиска активност ја забележала бугарската окупаторска полиција при што ја уапсиле.

Во полицијата таа храбро се држи и ништо не признава. Била пуштена била од затвор, но знаела дека полицијата ја следи. Затоа по совет на Месниот комитет на КПЈ за Битола таа се повлекла во илегала. Во јануари 1942 година станала членка на Покраинскиот комитет на СКОЈ за Македонија. Како илегалка не можела да развива голема активност и се подготвувала за на пролет да оди со партизаните. На 22 април 1942 година пристапила кон Битолскиот партизански одред „Пелистер“.

Веќе на 3 мај 1942 година одредот бил опколен од бугарската фашистичка војска и полиција. Во повеќечасовната борба Елпида покажала извонредна храброст, но еден митралески рафал тешко ја ранил. Сосема немоќна да изврши самоубиство била фатена од полицијата. Храбро го поднесувала мачењето. За да го заплаши населението, бугарскиот фашистички окупатор ја влечел врзана за запрежна кола по битолските села, при што починала.

Смртта на Елпида Караманди, позната под прекарите Бисера и Нада, била опеана во народната песна „Нада студентката за народ загина, за народ загина – за Македонија.“  Нејзината смрт е опеана и во познатата народна песна „Таму ле, мајко, близу Битола“, напишана од Ајри Демировски (1950). Прогласена е како народен херој на Југославија и Македонија на 11 октомври 1951 година.

Користени се статија од „Македонска нација“ од 9 јуни 2021 година и други извори

Најнови вести од: Колумни

Митрополитот Теодосиј Гологанов, деец за автокефалноста на МПЦ-ОА и борец против бугарско-грчките напади врз црковниот и национален идентитет на македонскиот народ

Денес, кога го прославуваме големиот православен христијански празник Божиќ – Рождеството Христово во манастирите и црквите на Македонската православна црква како наследничка на древните Охридска архиепископија и Јустинијана Прима, ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон црковно-националните дејци, кои се вложија себеси и својата дејност за возобновувањето на автокефалноста на денешната Македонска православна црква – Охридска црква и на црковно-народните традиции на македонскиот народ. Еден од тие дејци е и митрополитот Скопски Теодосиј Гологанов, роден со световното име Васил Гологанов, токму на Божиќ, на 7 јануари 1846 година во селото Трлис во Серско, во Егејскиот дел на Македонија, денес во Грција. Наша дури и своевидна национална должност е да го чуваме Гологанов засекогаш во своето колективно национално паметење како народ, да ги чуваме личноста и дејноста на овој духовник, македонски национален деец, црковен писател и борец за обновување на Охридската архиепископија и за создавање самостојна македонска национална држава. Ова дотолку повеќе што дури и во „слободната светска енциклопедија“ Википедија на англиски јазик за него се напишани дрски и примитивни фалсификати дека, наводно, бил „бугарска религиозна фигура“ и оти „учествувал во борбата за автономна Бугарска црква“!

Хрон ја објави „Народноста на македонските Словени“ 135 години пред Тито „да ги створи македонскиот јазик и народ“, што е бугарски фалсификат!

Австрискиот лингвист и македонист од чешко потекло Карл Хрон ја објави својата научна студија со наслов „Народноста на македонските Словени“ („Dаѕ Volksthum der Slaven Makedoniens“) во 1890 година во Виена, во тогашното Астроунгарско царство, цели 135 години пред „Тито да ги измисли Македонците како народ“ и пред „да им го создаде со наредба новоизмислениот македонски јазик“, како што тврди официјална Софија во своите фалсификати, депонирани и во ЕУ. Карл Хрон во својата студија со несоборлива научна објективност ќе ги образложи и ќе ги докаже самобитноста  и развојот на македонскиот народ и македонскиот јазик. Студијата на Карл Хрон „Народноста на македонските Словени“е своевиден пишан споменик за етничката и јазична засебност на македонскиот народ и таа допрва ќе задобива уште поголема важност за него во борбата за конечно и вистинско решавање на македонското национално и јазично прашање.

Оставнината на Марко Цепенков „втора македонска Библија“ и автентично сведоштво за македонскиот идентитет и јазик, за животот на нашите предци

Марко Костов Цепенков (Прилеп, 7 ноември 1829, Ореовец, Прилепско – 29 декември 1920, Софија) е најголем и најзначаен собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците. Денес се навршуваат 105 години од неговата смрт. Неговото дело е издадено во 10 томови и е повеќепати преобјавувано во Македонија. На научниот собир по повод 190-те години од раѓањето и 100-те години од смртта на Цепенков, кој го организираа Македонската академија на науки и уметности и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ на 4.11.2020 година, проф.д-р Ермис Лафазановски, тогаш како директор на Институтот за фолклор, истакна: „Во денешната меѓународна политичка ситуација, во која се наоѓаме, собраните материјали на Марко Цепенков сведочат за нашиот македонски идентитет, јазик и култура. Неговата оставнина ние, Македонците, денес може да ја наречеме наша втора Библија. Како поинаку да се нарече неговото импозантно собирачко дело, во кое сме запишани сите ние, заедно со нашите предци и нашите идни поколенија? Во кое е запишано создавањето на нашиот свет и луѓето во него, нашите соништа.“

Ајде да им простиме на најдобрите меѓу нас – Пишува Драган Милосављевиќ

Мислам на писатели, актери, режисери, музичари, сликари, спортисти, научници чијшто успех не само дома туку и надвор е општо познат и признаен, но нивната репутација во ова општество е сериозно упропастена поради овие или оние причини

To top