Колумни

Македонско музичко востание – Пишува Роберт Димитриевски

Концертот на Влатко Миладиноски покажа дека полна сала и публика во екстаза се можни и без разни „цеци и аци“ и останати преплатени фаци

„Тато, тато, што е тоа македонштина?“

„Тое ти е, синко, концерт. На Влатко Миладиноски и оркестарот на Златко Миладиноски“.

И со гости од калибарот на Влатко Лозановски, Спасен Силјаноски, Дамјан и Дарко Стојаноски, Елена Андоновска, „Некст тајм“.

И со играорци, балетани, придружни вокали, зурли и тапани.

И со еуфорична публика во македонскиот спортски храм „Борис Трајковски“. Публика која реагира инстинктивно и импулсивно на секој такт, на секоја нота, на сиот тој раскош од македонски фолклор. Публика која се фати и го одигра големото македонско оро на теренот на кој пред македонското (спортско) срце паѓаа како крушки ракометни и кошаркарски велесили.

Оти таа публика го чувствува тоа што го слуша во дамарите, во вените, во душата. Оти нема бегање од македонскиот ген пренесуван од колено на колено. И нема зошто да се бега. Напротив. Може да се биде само горд и привилегиран од припадноста на народот кај кој е однапред загубена битка да се игра и да се пее. Бидејќи, и ќе те надигра, и ќе те натпее. И ќе ти ги пробуди најубавите чувства што само музиката може да ти ги подари, без разлика кој си и од каде доаѓаш.

„Историја испишана со македонска песна ❤️🇲🇰

Срца отворени, души разбудени, македонската музика во својата најчиста форма.
СЦ ‘Борис Трајковски’ – полн, гласен и жив,
со Македонија на нозе 🥰.
Ви благодарам на сите за незаборавните моменти“, ќе напише Миладиноски на Фејсбук.

 

Несвесен дека во суштина е обратно. Благодарни му се илјадниците обожаватели во салата на кои им ги стопли и разигра срцата со брат му и пријателите, како и сите што од среќниците околу сцената слушнаа и ги видоа илјадниците видеа што ги затрупаа социјалните мрежи по концертот за незаборав. Со повеќе од три часа уживање со вонвременските „Софка на татко“, „Велат нè нема“, „Петко љубел многу жени“, „Ај да ојме Јано“, „Сè ми снема“, „Ракијо жолта магијо“, „Нема друга Македонија“…

Влатко Миладиноски, соработниците и поддржувачите однесоа голема победа и на друго, уште поважно поле. Со концертот за македонските музички анали покажаа и докажаа дека за да се наполни сала во Македонија и да се доведе публиката до екстаза не се неопходни разно-разни „цеци и аци“ и останати извикани и преплатени фаци. Сосем доволни (и повеќе од тоа) се нашите домашни интерпретатори и отелотворители на македонштината – македонските оро и песна.

Македонското музичко востание, како што го нарече иницијаторот Миладиноски, е кренато и повеќе нема назад.

 

Најнови вести од: Колумни

Оставнината на Марко Цепенков „втора македонска Библија“ и автентично сведоштво за македонскиот идентитет и јазик, за животот на нашите предци

Марко Костов Цепенков (Прилеп, 7 ноември 1829, Ореовец, Прилепско – 29 декември 1920, Софија) е најголем и најзначаен собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците. Денес се навршуваат 105 години од неговата смрт. Неговото дело е издадено во 10 томови и е повеќепати преобјавувано во Македонија. На научниот собир по повод 190-те години од раѓањето и 100-те години од смртта на Цепенков, кој го организираа Македонската академија на науки и уметности и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ на 4.11.2020 година, проф.д-р Ермис Лафазановски, тогаш како директор на Институтот за фолклор, истакна: „Во денешната меѓународна политичка ситуација, во која се наоѓаме, собраните материјали на Марко Цепенков сведочат за нашиот македонски идентитет, јазик и култура. Неговата оставнина ние, Македонците, денес може да ја наречеме наша втора Библија. Како поинаку да се нарече неговото импозантно собирачко дело, во кое сме запишани сите ние, заедно со нашите предци и нашите идни поколенија? Во кое е запишано создавањето на нашиот свет и луѓето во него, нашите соништа.“

Ајде да им простиме на најдобрите меѓу нас – Пишува Драган Милосављевиќ

Мислам на писатели, актери, режисери, музичари, сликари, спортисти, научници чијшто успех не само дома туку и надвор е општо познат и признаен, но нивната репутација во ова општество е сериозно упропастена поради овие или оние причини

Коле Неделковски, поетот-револуционер, чиј глас одекнува силно и денес – 113 години од раѓањето

Коле Неделковски е човекот, кој ја откри заборавената книга „За македонцките работи“, член на Македонскиот литературен кружок од Софија, афирматор на македонскиот јазик во литературата и убеден антифашист. На денешен ден, на 16 декември 2025 година се навршуваат 113 години од неговото раѓање и ова е соодветна пригода за ново навраќање кон творештвото и овој македонски национален и поетски деец, кој соработувал со Никола Вапцаров и Кочо Рацин. Неговата бележита песна „Глас од Македонија“ е една од најпознатите револуционерни песни во во македонската книжевност. Таа е една од најпознатите револуционерни песни во македонската книжевност, како тревожен поетски глас за неразбраното македонско минато, за македонската вистина. Творештвото на Неделковски се карактеризира со употреба на македонскиот говор особено видливо во неговите збирки „Молскавици“ и „Пеш по светот“. Литературното дело на Коле Неделковски иако е скромно и по обем и по квалитет, сепак е мошне значајно. Основниот белег на  неговата поезијата е влијанието на народната поезија, а мотивите најчесто му се патриотски, исполнети со лиричност. Тој е еден од најреволуционерните поети во македонската литература. Коле Неделковски е поет-револуционер чиј глас сè уште одекнува силно и во оваа македонска сегашност.

Конески, генијот-посветеник на Македонската идеја, и неговиот аманет Македонците да си го вардат јазикот, својата „единствена неподелена татковина“

Блаже Конески (Небрегово, 19 декември 1921 – Скопје, 7 декември 1993), генијот на македонската поезија и проза, академик, книжевен историчар, филолог и јазичар, творец на „Македонската граматика“, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје, е еден од кодификаторите на современиот македонски книжевен јазик. Денес се навршуваат 92 години од неговата смрт и ова е пригода за ново навраќање кон неговото неизмерно книжевно и научно творештво, на неговата личност и кон непресушните врутоци на неговите јазични, поетски и национални посланија и завештанија до денешново и сите наредни македонски поколенија дека токму јазикот е она, што нѐ прави како македонски народ, различен од сите други народи во Балканот, Европа и светот. Во последната, претсмртна статија „Една ситуација и едно лично становиште“ Конески ќе истакне: „Денешниот однос на бугарските раководители спрема нашиот јазик има свои длабоки корења во теоријата на великобугаризмот. Можеше ли оформувањето на нашиот јазик да биде појава случајна, дури измислена? Се разбира дека не можеше. Но, македонскиот јазик, и покрај сите викотници против него, од каде и да идат тие, постои, се развива и станува јазик на сѐ побогата литература, станува јазик, на кој што културните придобивки на човештвото му се присвојуваат на еден народ, досега потиснат во мракот на ропството. Добро кажува арапската пословица: ‘Пците лаат, карванот си мине!“

Нацрт-заклучоците на Советот на ЕУ за промената на македонскиот устав ги кршат резолуциите на ООН и Договорот од Мастрихт, затоа се ништовни

Советот на ЕУ ја повикува Македонија да изврши промена на својот Устав во согласност со „Добрососедскиот договор“ со Бугарија и протоколите кон него, Преговарачката рамка и „францускиот предлог“, кои содржат категорично тврдење-фалсификат дека македонскиот народ, македонскиот јазик, идентитет и историја имаат „бугарски историски темели“. Тоа претставува целосно негирање на етничката, идентитетската и јазичната засебност на македонскиот народ. Декларацијата на ООН за недопустливоста на интервенирањето и вмешувањето во внатрешните работи на државите целосно ги заштитува македонскиот јазик и идентитет, како и македонската историја, од какви било и чии било обиди за негирање, или присвојување. Таа декларација строго забранува завлегување во идентитетскиот комплекс на кој било народ, што значи и на македонскиот народ. Токму ова го прават Советот на ЕУ и Бугарија! Членка на ООН е и Македонија: и за неа во еднаква мера важи применливоста на резолуциите на ООН. Според нив, ниту ЕУ, ниту Бугарија, Грција, или која било друга држава, немаат право да се мешаат во внатрешните и надворешните работи на Република Македонија, ниту да ѝ наложуваат да го менува Уставот во замена за „отворање на преговорите со ЕУ“. 

Зошто низ нашите градови не ечи многу почесто „песната на Македонија“ – нејзината „молитва“?

„Народните песни се показаљка на степенот од умственото развитие од народот и огледало на неговиот живот. Народот в песни изливат чувствата си, в них увековечвит животот му и давнешните му подвиги, в них находвит душевна храна и развлечение; затова в жаљба и в радост, на свадба и хоро, на жетва и грозјебрање, на везање и предење, по поле и по гори, штедро изливат песните како од богат извор…“ – ова е напишано во предговорот на првиот дел на „Зборникот на македонските народни песни“ на браќата Димитар и Константин Миладинови, објавен во 1861 година. Зарем турбофолкот и шундот, наречен „музика“ од балканската естрадна периферија на концертите во Македонија, ќе дозволиме да станат „показаљка на степенот“ на нашето „умствено развитие“ како народ македонски? Зарем ќе се согласиме тоа да стане „огледало на нашиот живот“ како народ македонски, чиј изворен фолклор и народен мелос се со врвни уметнички и културни вредности и меѓу најценетите во Европа и светот?!

To top